Како да поминете викенд од соништата во Љубљана

0

Велат, најубав од сите главни градови во поранешна Југославија е Љубљана. А тоа е и повеќе од доволна причина да ја посетите, макар за викенд. Она што ќе ве изненади најмногу се разните содржини што ги нуди – Љубљана нуди култура, знаменитости, активности и добра забава.

До Љубљана се стигнува лесно – со сопствен превоз, со автобус или со авион. Ако одите со автомобил мора да купите вињетка, а таа за 7 дена чини 15 евра.

14619985_10211181291750742_841007130_n__1476364942_77-29-142-68

Во Љубљана можете да се сместите евтино (на пример да резервирате хотелска соба или стан преку Airbnb) или луксузно, па во тој случај најдобар избор ви е Antiq Palace, хотел сместен во зграда од 16 век,кој нуди сè, дури и исклучително скапи спа третмани.

Како да го поминете викендот?

Првата станица во Љубљана нека ви биде Неботичник, арт деко зграда од 1933 година, која на покривот има прекрасно кафуле. А освен во кафето, ќе уживате во панорамскиот поглед на градот. Потоа тргнете кон дворецот, платете неколку евра и разгледајте некоја интересна изложба. Од дворецот упатете се кон Змаевиот мост, поминете од другата страна на реката и посетете го пазарот за органска храна каде што ќе можете да купите вкусен домашен мед или џем.

14619985_10211181291750742_841007130_n

Ако огладнете во меѓувреме, ви препорачуваме брз ручек во Клобасарна, каде што ќе можете да уживате во вкусот на крањските колбаси.

Убаво најадени и одморени, можете да тргнете кон Градскиот музеј, а потоа да се одморите уште малку со убави колачи и уште едно кафе. Денот завршете го со посета на Метелкова, место преполно со кафулиња и пабови, каде што ќе најдете нешто по свој вкус.

lemon

Љубљана е град на велосипедисти и сите улици имаат велосипедски патеки. Однесувајте се како локалното население, па изнајмете велосипед и посетете го паркот Тиволи, зелената оаза на главниот град на Словенија. А таму ќе најдете интересни ресторанчиња во коишто можете да ручате. Сепак, ако сте расположени за невообичаено гурманско искуство, посетете го бистрото Hot Horse каде што ќе можете да пробате специјалитети од коњско месо.

Ниту еден нов град не може да се напушти пред да се купи по некој сувенир. Затоа купете магнетчиња за себе и за пријателите и спакувајте ги куферите. Време е за враќање дома.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар