Како да почнете да се согласувате со сестрата на вашиот партнер?

0

Кога треба да се запознаат родителите на личноста со која сте во врска, секогаш претставува стрес, без разлика дали сте социјален тип на девојка. Самиот момент дека некој друг, освен вашето момче, треба да ве засака придонесува ситуацијата да ја доживеете стресно. Ова обично се однесува на родителите.

Но, што е со неговата сестра, што ако има нешто поинакво да каже, што ако не ѝ се допаднете? Дали постои вистинско време за оваа средба?

Одговорот е дека не постои. Секогаш ќе сакате да одложите, можеби ќе наоѓате изговори како презафатеност и многу обврски, но на крајот ќе мора да се сретнете.

Сите правила и начини на однесување кои ги имате во главата и кои во принцип важат за родителите – заборавете ги кога ќе ја запознаете неговата сестра. Колку сте поприродни во однесувањето, толку подобро.

Прв впечаток

Првиот впечаток е исто така од голема важност. Немојте да покажувате надменост и недопирливост. Не се обидувајте да ги кажувате работите како што би сакале светот да ги слушне, бидејќи таа нема да „падне“ на тоа. Бидете свои. Ако сакате да прикажете друга слика за себе, веднаш ќе ја препознае лажноста и тоа нема да биде добро ниту за вашата врска со неа во иднина, а ниту за врската со момчето.

Разговорот со неа треба да биде опуштен, без стрес. Поставувајте прашања, покажете интерес за нејзиниот живот и случки, без разлика што воопшто не ве интересира.

Во моменти кога тој ќе биде отсутен, разговорот нека тече глатко, но никако немојте него да го правите тема на заедничката дружба. Немојте да зборувате колку е тој галантен, неверојатен како дечко бидејќи за неа е само брат. Не може да го доживее како вас, а тоа ќе придонесе да се создаде непријатна тишина. Не го сакате тоа!

Облека

Што се однесува до облеката, бидете лежерно облечени, нешто што ви предизвикува удобност во носењето. И немојте во никој случај да носите нешто прекусо или пак облека што открива премногу – верувајте, нема да ѝ се допадне.

Чекор понатаму

Штом веќе ја запознавте сестрата и дознавте кои се нејзините интереси пробајте да ја направите пријателка со која ќе имате заеднички активности надвор од домашниот амбиент. Така, ќе ја запознаете и нејзината вистинска социјална страна.

Ова се однесува на ситуација каде што се оди како што треба и нема проблеми веднаш на почетокот. Но, што ако се случи да не ѝ допаднете на неговата сестра и уште од самиот почеток да почне да ве негира? Во тој случај, оставете малку време да помине, а потоа можете и да разговарате на таа тема. Ако сестрата мисли дека вие не сте добар избор за братот, во тој случај ќе се мачите малку за да ѝ се допаднете или пак да ја убедите во спротивното.

Во секој случај, немојте да ја занемарите врската со неговата сестра бидејќи иако не ви изгледа така, за него е од голема важност. Направете сè што треба да бидете пријателки кои секогаш ќе имаат убав збор една за друга.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот