Како да оставите добар впечаток?

0

Говорот на тело е многу важен во комуникацијата со други луѓе, а посебно кога настојуваме да оставиме добар впечаток. Токму заради говорот на тело може да му се допаднеме неколму или не, да изгледаме поотворени или незаинтересирани.

Затоа еве неколку совети кои ќе ви помогнат да го подобрите првиот впечаток и полесно да им се допаднете на другите:

Зборувајте со длабок глас
Кога сме нервозни или возбудени, зборуваме со високо фреквентен глас, односно глас кој може да биде „пискав“. Прво земете длабоко воздух и намалете ја фреквенцијата, бидејќи длабокиот глас остава впечаток на авторитет и голема самоувереност.

Одржувајте контакт со очите
Додека разговарате со некого многу е важно да го гледате во очи. На тој начин покажувате заинтересираност и самодоверба. Скеко тој поглед привремено прекинувајте го со поглед на страна бидејќи непрекинатото гледање во очите на соговорникот може да биде непријатно за него.

Настојувајте добро да го држите вашето тело
Доброто држење на телото и цврстиот физички став се многу важни. Згрбавеноста и неправилното држење на телото оставаат лош впечаток, ве прават недостапни и помалку привлечни.
Исто така, во текот на разговорот лесно навалете се кон личноста со која разговарате бидејќи на тој начин покажувате интерес. Ако сакате да покажете дека сте опуштени, навалете се малку наназад, но не претерувајте.

Насмевнете се
Ако често знаете да се смеете набрзина, вашата експресија на лицето може да се чини неискрена. Всушност, вистинската насмевка настнува постепено, но имајте на ум дека тоа не треба да биде ниту преспоро бидејќи вашиот израз на лицето може да изгледа поприлично чуден за личноста со која разговарате.

Бидете смирени
Избегнувајте ги брзото зборење и вознемиреноста. Тресењето на нозете или постојаното допирање на дланките се исто така лоша идеја бидејќи така оставате впечаток дека сте нервозни и затоа сте и немирни. Затоа земете длабоко воздух и успорете ги гестикулациите. Исто така не ги прекрстувајте нозете и рацете, со оваа гестикулација може да изгледате ладно и недостапно.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот