Како да одберете маскара за драматичен изглед

0

Драматичен изглед, привлечни трепки, впечатливи очи… Секоја дама во својот несесер има минимум една маскара.

Денес, издвојуваме 5 маскари кои се одлично надополнување на вашиот секојдневен изглед и неизбежен дел од декоративната козметика.

1. BOBBI BROWN EYE OPENING MASCARA

Доколку сакате драматичност и волумен на вашите трепки тогаш оваа маскара е идеален избор за вас. Со помош на широката четкичка, можете да ги издигнете трепките и да постигнете интензивен и богат изглед.

2. Estee Lauder – Pure Color Envy Lash Multi Effects Mascara

За сите оние кои се во потрага по долги, негувани трепки и совршено заводливи.

3. Lash Power Flutter-to-Full Mascara од Clinique

Единствената прилагодена маскара во светот. Во зависност од вашите потреби ова иновативното пакување со стегање и опуштање на,,грлото’’ на маскарата ви овозможува отпуштање на повеќе или помалку текстура на четката. За природен волумен, дефиниран дневен изглед, интензивен волумен.

4. SHISEIDO – Full Lash Multi-Dimension Mascara Waterproof

Водоотпорна и мулти димензионална маскара од SHISEIDO
Со помош на ротирачката четкичка на оваа маскара може да постигнете изглед како вистински професионалци. Водоотпорна е, го збогатува изгледот и ви овозможува едноставно нанесување.


5. Be long mascara од Clarins

Доколку сакате да ги истакнете и да постигнете ефект на долги и густи трепки, Be long маскарата од Clarins ви го овозможува токму тоа.


Кој е вашиот избор?

Овие производи може да ги најдете во парфимериите Anabella во Македонија.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.