Како да одберете идеален тепих за домот

0

Изборот на тепих игра голема улога за крајниот изглед на ентериерот и токму затоа е потребно посебно внимание при неговото бирање.

 Кога се работи за нијансите, дизајнерите предлагаат контрасни бои во однос на ѕидовите и мебелот.
Дококолку се е во ист тон, просторот може да изгледа досадно.

Најдобри се теписите изработени од волна бидејќи се најлесни за одржување, но доколку вашиот буџет не може тоа да го дозволи, определете се за синтетика.
corten-tau-metall

За во спaлната соба изберете меки и едноставни материјали, важно е да е удобни и толи на нозете кога сте боси.

Во модерниот енетериер тепихот не служи за комплетно покривање на подот, а златното правило вели дека тепихот треба да е поставен на 40цм подалеку од ѕидот во дневната соба или во голем простор и 20 цм во мала просторија.
Просторот во ходникот поради практичност се препорачува да е целосно покриен со тепих.

stylish-and-cheap-home-carpet-floor

Внимавајте и на тоа тепихот да не биде мал, бидејќи на тој начин и просторот визуелно ќе изгледа помал.

Во дневната соба улогата на тепихот е да го обележи просторот каде седат гости.
Дизајнерите советуваат предниот дел на мебелот да биде поставен на тепихот додека задниот може да е на самата ивица на тепихот.

Најдобриот избор пак за тепих во трпезаријата е доколку масата и столчињата бидат поставени на тепихот, столчињата не треба да го гребат подот.

Некои дизјанери советуваат дека при уредувањето на ентериерот најдобро е прво да се започне со изборот на тепихот, мебелот, завесите…
Ако пак започнете обратно можно е да поминат месеци додека да го најдете иделниот тепих за просторот што го уредувате.

Покрај тоа, теоријата на уредување на домот вели дека не е се во деталите, тепихот е клучниот дел за изгледот на домот.

CarpetLivingRmAnotherSunset

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот