Капутите се неизоставен дел од зимскиот изглед и гардероба, а вие дефинитивно освен класичен треба да имате и еден модерен во вашиот плакар.
За време на студените денови често одбивате да го соблечете капутот што значи дека гардеробата пак што ја носите ипод и не е толку битна кога студот е во прашање.
Кога се работи за капути изборот е бескраен. Секако дека може да изберете класичен капут со темна нијанса, но дали некогаш сте посакале да облечете бел капут во текот на зимата?
Можеби белата боја и не е најдобра солуција кога времето е кашаво, а улиците нечисти, но модните блогерки овој тренд го проширија насекаде токму во овој период од годината, а белиот капут стана вистинска модна сензација.
Белиот капут може да се комбинира за многу различни изгледи, не само за чиста елеганција.
Во зависност од пригодата може да долови ефект на вистинска префинетост, гламур и уникатност.
Кога го комбинирате со тренд парчиња или пак секојдневни парчиња како што се фармерките и џемперот или кошулата, ќе изгледате впечатливо и модерно, а ако пак сакате елегантен изглед, тогаш белата боја на капут е вистинскиот избор.
Самата боја е асоцијација на, чистина, мир и префинетост, затоа со што и да одлучите да го комбинирате овој капут нема да останете незабележани.
Едноставноста на бојата допушта повеќе модни додатоци како што се шеширите, траките за на глава, чанти во повеќе нијанси и слично.
Погледнете ги нашите предлог -комбинации.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.