Како да не зборувате премногу

0

За повеќето луѓе зборувањето е едно од најважните средства за комуникација и изразување. Различни емотивни состојби, вклучувајќи ја најчесто желбата некому да се допаднеме, предизвикува премногу зборување…

12562906_10153471929494151_259641769_o

Како да успеете во тоа?

Зборливост, брбливост или како и поинаку да го наречеме константното изговарање на зборови во низа, без пауза и земање здив, може да делува одбивно на особата која сакаме да ја придобиеме. Затоа, за да не ја изгубиме својата шанса кај другите, извежбајте ги овие три мали трикови на вербална комуникација која ќе Ви помогне во совладување на Вашите лоши навики:

  1. Обрнете внимание на сигналите

Ако Вашиот соговорник не го интересира она што го кажувате, тогаш и две минути разговор ќе бидат премногу. Затоа, немојте премногу да се впуштате во разговор, да ширите теми и да се надоврзувате на секој збор се со цел да го продолжите разговорот. Бидете трпеливи и почекајте соговорникот да Ви даде позитивен одговор, како што се насмевка или потврдно движење на главата, но сепак овие знаци не треба да бидат постојана потврда дека можете да водите бескраен монолог. Ако соговорникот Ве гледа додека зборувате, тоа е знак дека е заинтересиран за содржината која ја интерпретирате, но, ако ја движи главата наоколу, гледа во далечина или пак ако се прозева, тоа треба да Ви биде знак дека дефинитивно Вашето зборување не го интересира и дека му е здодевен разговорот со Вас.

12583811_10153471929394151_1490270990_n

 

  1. Не зборувајте само за Вас

Повеќето луѓе откриваат детали од сопствениот живот со цел да го поттикне соговорникот да го направи истото. Сепак, тоа не е едноставно. За да Ви биде појасно, Ви пренесуваме една анегдота. Додека некое момче и се додворувало на една девојка, тој постојано зборувал само за себе. Кога конечно замолчел, девојката го запрашала: “Зошто ми го раскажа сево ова? ” Тој одговорил: ”За подобро да Ве запознаам ”. Ако навистина сакате да дознаете повеќе за Вашиот соговорник, како и да создадете двонасочна подолга конверзација, помалку зборувајте за себе, повеќе поставувајте прашања на соговорникот. Но, внимавајте на типот на прашањата. Не бидете премногу нападни. Дозволете му и на соговорникот да каже нешто на темата за која зборувате.

  1. Откријте ја вистинската динамика

Бидете свесни дека на личноста со која разговарате, можеби и одговара малку поинаква динамика и комуникација. Некои луѓе прават долги паузи помеѓу речениците, некои пак непрестано зборуваат, не чекајќи соговорникот да се изрази до крај. Вие треба да го откриете вистинскиот модус на на разговорот. Сепак, за да не го прекинувате постојано Вашиот соговорник (тоа е одлика на невоспитување и непочитување), секогаш избројте до 5, кога ќе заклучите дека соговорникот ја искажал својата мисла.
Запомнете, ако навистина Ви значи особата со која разговарате и имате почит кон неа, бидете малку пофлексибилни во комуникацијата.

12625803_10153471929409151_738374533_n

  1. Давајте и земјате

Не постои магично временско ограничување кое гарантира динамична, содржинска, корисна или интересна конверзација. Меѓутоа, морате да имате на ум дека комуникацијата е еден вид игра  на најизменично земање и давање. Сосема е ОК да држите монолог во рамки на конверазијата, доколку ги држи и другата страна. Освен тоа, важно е да покажете интерес за соговорникот. Тоа спаѓа во вистинска комуникација, но немојте да дозволите конзверзацјата да се претвори во држење на предавања или држење здодевни монолози. Разговорот претставува најизменична размена на реченици помеѓу двете страни. Па, согласно тоа, дајте можност да се разменуваат речениците и мислите.

12625758_10153471929399151_1327484206_n

Контрола на зборувањето

За да останеме во добри односи со нашите пријатели, познаници, колеги и деловни соработници, потребно е да бидеме свесни за тоа колку зборуваме. Најдобро е сами да воочите дали премногу зборувате или не. Не е добра идеја да го прашате соговорникот за тоа, затоа што од куртоазија нема да добиете искрен одговор. Потребно е сами да забележиме дали држиме монолог или им дозовлуваме и на другите рамноправно да зборуват со нас. Ако самите имаме впечаток дека постојано само ние зборуваме, тогаш е тоа така.

Често кога сме нервозни или под притисок и стрес, зборуваме повеќе од вообичаено, но тогаш треба да водиме грижа за дишењето. Правилното дишење ќе го смири нашиот организам и ќе можеме да ги средиме мислите кои без насока ни трчаат низ главата. Некогаш не е лошо тоа што имаме многу да кажеме, но треба да водиме сметка и да разграничиме што е важно да се сподели, дали она што ќе го кажеме има смисла, така соговорникот ќе не слуша со внимание.

Долгите непромислени монолози, без смисла, без поента и без цел само ве оддалечуваат од соговорникот.

Затоа внимавајте, бидете умерени во зборувањето и сослушувањето на соговорникот, за да остварите успешна комуникација.

 

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.