Како да не се прејадете за празниците

0

Предвелигденскиот период е време на пост. Голем дел од верниците постат, а после причесната или после 12 часот вечерва, се враќаат на полната исхрана без рестрикции и штедење.  Во тие моменти организмот е под стрес бидејќи промената која ќе му ја направите не може веднаш да ја прифати. Затоа, пробајте полека да се вратите на вашиот стандарден начин на исхрана, дајте му време на телото да се врати во претходната состојба.

Пробајте да си поставите граница

Ова е период на многу обилна храна и полни трпези кои луѓето ги подготвуваат. Оваа година масата е дополнета и со првомајските скари. Затоа, одлучете се што ќе јадете кога ќе седнете на маса во секој дел од денот. Имајте некој ред на јадење кој нема да ви создаде тешкотии во варењето на храната, а вие ќе се чувствувате добро и неоптоварено.

easter-dinner

Не скокајте оброк во денот

Иако треба да си поставите граница, сепак не смеете да прескокнувате оброци во денот бидејќи уште едно изгладнување ќе ве натера да се прејадете. Наместо тоа, јадете колку што имате потреба во секој дел од денот.

Јадете во мали порции

Овае еден трик кој одлично функционира. Ако имате мала чинија пред вас, тогаш нема да посегнете да стаите плус храна бидејќи ќе немате место. Многу едноставно и испробано, а функционално. Секогаш гледајте да се ограничите на една порција, а десертот оставете за подоцна во денот.

Хранете се бавно

Кога јадете бавно, вашиот мозок добива информација дека е сите и нема потреба од повеќе храна. Оставете минимун 30 мин за еден оброк и нема да имате опасност од прејадување.

Имајте убави и здрави празници!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот