Како да направите палачинки од шише

0

Правењето палачинки за многумина е наједноставната задача во кујната, а за многумина е толку тешко што никогаш не ни помислуваат да ги направат.

За сите тие што мислат дека не можат да успеат, имаме добра вест – правењето палачинки штотуку стана уште полесно.

За ова можеме да им се заблагодариме на луѓето што ги мрзи да земат миксер и да мијат куп садови по нивното приготвување, па затоа решиле на целиот човечки род да му ги намалат маките.

Најпрво ви треба рецепт за палачинки (кој било рецепт), обично пластично шише од 2 литри и инка.

Преку инката ставете ги сите состојки за палачинките во пластичното шише, затворете го и мешајте додека не се соедини смесата.

Во меѓувреме загрејте ја тавата за пржење, подмачкајте ја со масло и едноставно, смесата од шишето ставајте ја директно во тавата.

Нема миксер, нема сад за матење, нема длабока лажица, нема ништо што треба да се мие.

На истиот овој начин можете да ги правите и популарните американски палачинки, за кои е потребно да се направи малку погусто тесто.

Кога ќе ја потрошите целата смеса, шишето го фрлате.

Лесно, нели? Ајде, обидете се!

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот