Како да му помогнете на вашето дете да не се плаши од ништо

0

Како родител во периодот додека вашето дете да стане зрел човек ќе се соочите со најразлични ситуации, од радосни до тажни, од убави до грди. Но, сето тоа е дел од улогата на родител и за некое време ќе бидете среќни за искуството кое сте го стекнале.

Децата постојано се соочуваат со нови работи, учат за нови нешта и сосема е природно понекогаш да покажат чувство на страв или анксиозност. Наместо да го силите детето да направи одредена нова работа и постојано да му вршите притисок, пробајте да го охрабрите и да му помогнете во моментите кога се чувствува исплашено, нервозно, анксиозно или несигурно. Еве неколку фрази кои е добро да ги употребувате кога вашето дете се соочува со овие чувства:

„Заборави на се. Ајде да цртаме!“

„Ајде на направиме уште еден чекор кон водата. Не мора повеќе.“

„Јас ќе те скокоткам и така ќе го ти го соберам стравот. Ќе го ставам горе високо на полицата за да не дојде пак.“

„Злато, сите понекогаш сме исплашени. Ама стравот ќе избега ако почнеш да пееш.“

„Не си сам. Јас и тато секогаш сме покрај тебе“

„Како би ми го опишал проблемот ако не беше твој?“

„Ајде да направиме листа на луѓето кои ги сакаш!“

„Ајде да одиме на прошетка и да си купиме сладолед“

„Ти си храбар, го можеш тоа! Но, ако не сакаш денес, не е важно! Ќе го оставиме за некој друг ден“

„Сакаш да си направиме среќно место? Таму ќе одиме секогаш кога сме тажни. Нека биде тоа кујната…“

„Чувството што сега го имаш ќе помине за брзо, верувај ми!“

„Сакаш да дуеме балони?“

„Сега ќе се смириме, ќе гледаме во небото и кога ќе ти биде подобро ќе ми раскажуваш за зајакот кој вчера го купивме.“

„Затвори ги очите. Замисли дека сме на плажа. Колкав замок би изградил?“

„Сакаш да се натпреваруваме кој побрзо ќе изброи до 100?“

„Ајде да играме криенка. Јас ќе се кријам, ти ќе ме бараш.“

Всушност, важно е доколку детето е помало и се уште не ги разбира во целост нештата околу него, да му ги оттргнете мислите од она што го плаши, а, доколку е поголемо да му помогнете да се соочи со стравот или бесот. Од големо значење е тоа да го направите во раните детски години за вашето дете да нема стравови или трауми откако ќе порасне.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.