Како да му кажете на вашето дете дека доаѓа ново бебе

0

Веста кога ќе дознаете дека чекате второ дете е нешто најубаво што можете да дознаете, меѓутоа тоа подразбира прилагодување на целото семејство а особено тоа важи за првото дете кое веќе почнало да оди и само што проговорело, и не зае сеуште што значи да добие братче или сестриче.

Ова се неколку забавни начини да му ја соопштите на вашето дете таа вест.

Приредете забава на која ќе ја соопштите оваа прекрасна вест
Направете мала забава. Но толку мала, на нејзе да бидете само вие, вашиот партнер и вашето дете. Декорирајте ја куќата како да се работи за роденденска прослава и направете торта. Доколку на вашето дете тоа му го соопштите на така среќен и весел начин, му праќате порака дека се работи за убави и среќни вести.

Вклучете ги и вашите браќа и сестри при соопштувањето
Вашето дете сигурно има омилена тетка или вујко, но можеби не знае дека таа особа им е на мама или тато, брат или сестра. Заедно со нив соопштете му ја среќната вест, а потоа објаснете му ја роднинската врска која и тоа ќе ја има со новото братче или сестриче. На тој начин асоцијативно ќе го поврзе своето братче или сестриче со убавите емоции кои ги има кон тетката или вујкото.

beba_dete

Раскажете му приказна
Дадете му книга каде пишува како е да се биде постар брат или сестра. Можете да седнете и да ја читате заедно а потоа да дискутирате како е кога ќе се роди ново дете. Можете да ја прочитате заедно и повеќе пати додека не почне да разбира.

Назначете го вашето дете за помошник при соопштувањето на убавата вест
Седнете со вашето дете и кажете му дека имате посебна задача за него/неа. Доаѓа ново бебе и на вас ви е потребен помагач кој ќе ви помогне со објавата. Па така следниот пат кога ќе се видите со вашите пријатели, вашето дете нека ја објави среќната вест пред сите. Среќната реакција од присутните ќе направи вашето дете да се почувствува прекрасно, и ќе мисли дека со таа вест ги направил среќни сите во просторијата.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот