Како да ја развиеме емоционалната интелигенција?

0

1. Запознајте се себеси
Често луѓето веруваат дека се познаваат себеси многу добро, меѓутоа никогаш сериозно не си посветиле време на себе и не си ги одговориле најважните парашања.
Тоа се може да се едноставни прашање, за некој можеби и досадни или смешни, но сите тие ја креаираат личноста која вие сакате да бидете.
Секогаш е одлично да се запрашате: дали ја сакам оваа работа, дали сум среќен со тоа што сум, што може да сторам да го променам тоа, кое е моето идеално работно место, дали имам доволно знаење, дали работам на себе…
Што повеќе се познавате себеси, својата сила, цел и чувства, толку полесно ќе може да го контролирате вашето однесување и ќе донесувате подобри одлуки.

2. Мотивирајте се
Прашајте ги луѓето што навистина посакуваат:
„Сакам да сум успешен. Сакам да сум среќен“- но ниту еден од нив не знае во што сака да е успешен или пак што за него претставува среќа.
Направите листа на вашите желби, одредете ја целта кон која целите и зададете си краен датум до кога би требало да го остварите тоа. Најважно е да не се предомислувате и да сте упорни.

3. Работете на вашата самоконтрола
Управувањето со сопстевните емоции не значи дека не смеете да кажете кога сте лути или тажни. Напротив, самоконтролата е само дозирање на емоциите, а најдобро ја има опишано Аристотел:
„Секој може да се налути- тоа е лесно. Но да се налути во вистински момент поради вистинска причина и на вистински начин- тоа не е лесно.
o-WALKING-NATURE-facebook__1467985321_77.29.223.237

4. Променете го начинот на гледање на работите
Чашата може да е полна до половина или празна до половина. Вашиот ум нека прецепира вака- чаша полна до половина. Размислувајте позитивно и гледајте на препреките со мотивација, не со откажување.

5. Научете да си ги читате чувствата
Често ги потиснуваме и занемаруваме емоциите како бесот, тагата, лутината и сл. Како резултат на тоа еден ден од вас излетуваат толку грди зборови што не сте ни знаеле дека ги познавате. Затоа кога сте тажни, бидете тажни, кога сте бесни викајте, тоа нека биде 1 ден, 2 дена или 3, но потоа пуштете го то чувство да замине.

6. Научете да ги читате и туѓите чувства
Научете да ги слушате другите кога ви зборуаат. На тој начин им покажувате дека се грижите за нив, дека ги почитувате и дека ги разбирате. Најважниот момент во овој живот е слушањето. Навистина е тешко да најдете личност што комплетно може да ви се посвети макар и 10 минути.
Бидете вие таа личност.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар