Како да ја придобиете довербата на другите – Трик од психијатрите

0

Вообичаена заблуда е дека довербата треба да се гради со години, односно дека за да се доверите некому, потребно е таа личност да ја познавате со години, без разлика дали станува збор за пријател од детството или пак член од фамилијата.
Меѓутоа психијатрите откриваат дека постои „научна формула“ со чија помош можете да стекнете нечија доверба многу побрзо од вообичаено.

Клучот е да се најде рамнотежа меѓу експертизата и човечката топлина – така што ќе делувате полни со кредибилитет, без да го занемарите фактот дека и вие самите сте само човечко суштество.

Повеќе за оваа формула е објаснето во книгата „Friend and Foe“, чии автори се психијатрите Маурис Швајцер и Адам Галински. Со цел да покажат како функционира оваа формула во реалниот свет, авторите на оваа книга се служеле со примери од најразлични психијатри чија работа е да ги „отворат“ луѓето така што тие би зборувале за нивните најдлабоки стравови и несигурности.

Еден од нивните поранешни студенти задолжен за едукација, психијатрот Том, користел една од трите тактики секој пат кога ќе се сретнел со нов пациент.- Ќе го испуштел пенкалото од рака, ќе го истурел кафето и ќе раскажел невкусна шега.
Томовите пациенти биле импресионирани од дипломите на неговиот ѕид, кои јасно `говореле` за неговиот успех, кредибилитет и достигнувања, меѓутоа Томовата цел била да покаже некоја слабост, со што ќе ја покаже својата ранливост. – И тој е едно обично човечко битие. Нели?

Токму таа комбинација на професионалноста и човековата природа и топлина го правеле Том човек, личност, на која може секој да и верува.

Оваа техника одлично функционира и во работната средина.

Авторите го навеле и примерот на американскиот инженер кој работел за компанија во Јапонија. Инженерот го нервирало тоа што постојано го нарекувале “посетител” на деловните состаноци. Но, откако една вечер им се приклучил на своите колеги, на една караоке забава, тие почнале да го третираат како колега.

Советот е, велат авторите, дека лицата со повисоки квалификации треба да бидат повеќе достапни, друштвени, така што ќе си дозволат да бидат немарни или смешни. На тој начин ќе ја покажат својата ранлива страна но, и ќе делуваат топли и прифатливи, исто како и сите “нормални, обични” луѓе.

Исто така, на овој начин се разбиваат митовите дека довербата е нешто што полека се гради во текот на подолго време. “Со тоа што се чувствувате ранливи, можно е да се изгради доверба за пократко време отколку што е неопходно да се исчисти кафето кое е истурено”. Се разбира, ранливоста се изразува откако ќе го покажете вашиот кредибилитет.

Накратко, ако сакате луѓето да ви веруваат, прво оставете впечаток со своите знаења и стручност, а потоа покажете им дека сте човек, како и сите други.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот