Како да ја отстраните болката во вратот: Неколку совети за секојдневна примена

0

Според магазинот “Health”, четири од пет жени некогаш во животот ќе почувствуваат болка во вратот. Најголемата и главна причина за тоа е секојдневното седење пред компјутер.

Според едно истражување, пролонгираното седење може да предизвика болести на срцето, нерегуларна работа на панкреасот, затегнат врат, заматен поглед заради замор, слаба циркулација на нозете, омекнати мускули, проширени вени, омекнување на коските и ред други, навидум назабележителни, но важни нарушувања на кои треба да се внимава. Научете како да се зашитите од овие болести во најавa, а ако работата бара од вас да седите во текот на денот.

Постојано држете ја главата и вратот исправени над рамената. Колковите, вратот и главата треба да ви бидат во иста линија на држење. Телото е дизајнирано да се движи, затоа не се плашете да менувате позиции на седење. Исто така, од голема важност е во текот на еден час да станувате од бирото по два пати заради раздвижување. Размрдајте ги и рацете заради намалување на тежината која паѓа на грбот.

Во научните истражувања има резултати кои велат дека при намалување на напнатоста на вратот и ‘рбетот може да помогнат и основните програми за вежбање кои ќе бидат концентрирани на појасните мускули на ‘рбетот.

Јогата е одличен начин да се намали болката во вратот. На тој начин враќате со иста мера на акумулираниот стрес додека сте на работното биро. За да не чекате да заврши работниот ден, одвојте по 10 минути за истегнување додека сте на работа.

Душекот на кој што спиете исто така има влијание врз болката во вратот и ‘рбетот. Некои луѓе велат дека подобар избор се душеците кои имаат мемори пена во себе, а други дека тврдите душеци обезбедуваат правилна положба на телото и секако подобар сон. Науката вели дека душекот треба да се менува еднаш на осум години. Ако сте во потрага по нов во моментов, имајте на ум дека пред да го купите потребно е да одлежите на истиот 20 минути бидејќи за тој временски период ќе се осигурате во неговите карактеристики.

Масажата на вратот најчесто е од голема помош за болката. Во истражување каде учествувале 400 возрасни луѓе со болка во вратот, се покажало дека заради редовната масажа болката речиси и да ја снемало на крајот.

Пробајте да ги примените овие совети или барем дел од нив и ќе ја забележите разликата на крајот од денот.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.