Како да ја намалите љубомората меѓу вашите деца?

0

Раѓањето на второ дете претставува голема промена за сите членови на семејството. Тогаш родителското внимание неминовно се насочува кон бебето, со што постарото дете тоа го доживува како скратување на неговата љубов и време.

Основен мотив за појава на љубомора

Се до раѓањето на второто дете, првото било главен извор на воодушевување на сите во семејството. И така наеднаш целокупното внимание на родителите е насочено кон новиот член. Тоа го прави детето збунето и го прави да се чувствува отфрлено. Некои деца на новиот член реагираат со напади на бес, некои со игнорирање, некои со регресија или враќање на периодот кога биле бебе (повторно мокрење во кревет, постојано плачење итн.)

ljub 2


Љубомората како природна и очекувана појава

Одредени манифестации на љубомора се очекувани, доколку е постаро детето од 18 месеци до седум години. Би било необично доколку во наведената возраст детето не покаже љубомора кон бебето. Затоа ваквото однесување може да се смета повеќе како правило отколку исклучок.

Исто така ако разликата меѓу децата е поголема од седум години и повеќе, можете да очекувате дека љубомората ќе изостави. Во оваа возраст се смета дека детето е доволно оформено и зрело за да се третира како поединец.

Кавги и конфликти

Периодот на љубомора помеѓу браќата и сестрите не престанува кога постарото дете ќе се навикне на бебето. Нивните кавги, натпревари и љубомора може да продолжат низ целот нивен развој.

Научете ги своите караници и конфликти да ги решаваат со разговор, ненасилно, со договори и самостојно, што помалку со ваша помош. Кога караницата прераснува во физичко или психичко повредување на едното кон другото дете, вклучете се. Сепак не се впуштајте во дискусија кој прв започнал, кој е крив, туку запрете ја на време кавгата. Кога ќе им помине бесот доколку причината била важна за да реагирате, разговарајте смирено и авторитативно.

Ваши очекувања

Кај нас постои предрасудата „Сите деца ги гледав на ист начин, а тие се така различни“. Меѓутоа, постои разлика меѓу браќа и сестри, различни се условите низ развојот ( економски, материјално, можеби и станбенo кога растело првото и второто дете. Најпосле, родителот со секое наредно дете има повеќе искуство во родителската улога, што додатно влијае врз атмосферата во која детето расте.

Како да се намали љубомората кај постарото дете?

Пред раѓањето на детето подгответе го постарото колку можете повеќе. Од почекот на бременоста, пуштете го да го допира вашиот стомак за да ги почувствува движењата на бебето, заедно смислете име, нека учествува во изборот на ситниците кои ги купувате…

Многу разговарајте. Најпрво опишете му какви се бебињата. Објаснете му дека на почеток бебето само ќе спие, јаде, плаче, дека ќе се случува и навечер да плаче и да ги разбуди сите во домот…кажете му дека тоа ќе биде од голема помош и дека сметате на него. И навистина зададете му задачи кои ќе му значат (нешто да ви донесе, да подигне некоја играчка и сл.) да му зборувате дека не сте го заборавиле и дека сметате на неговата помош. Не го претставувајте бебето како негов иден другар за игра бидејќи ќе помине доста време пред тоа да биде.

Кога бебето ќе се роди, претставете го постарото дете во негово присуство „Ова е твојот голем, памет и постар брат (сестра)“. Се надевам дека и ти еден ден ќе бидеш вака паметен и голем.

Обидете се што повеќе да го пофалите своето постаро дете, бидејќи тоа му е сега потребно. Секогаш кога ви помага околу бебето, кога е самостојно, кога е вредно и креативно, пофалете го нема што да изгубите.

Кога децата се на поголема возраст избегнувајте да ги споредувате, имајте во предвид дека детето кое е повеќе пофалено ќе се чувствува посупериорно. Подобро истакнувајте како се тие различни, како секој има свои особини кои го прават посебен, имаат свои позитивни страни, таленти и сл.

Поттикнувајте ги да се дружат, да имаат заеднични пријатели (ако тоа им го дозволува разликата во години).

Не барајте од едното дете да го поткажува другото дете. Дозволете им да се здружат во еден тим, макар да тоа би било и против вас. Тие така ја зајакнуваат врската меѓу себе.

Постарото дете најчесто ги знае одговорите, но тоа не знае се , дајте му време и на помалото дете да греши и да доаѓа до нови одговори. Доколку помалото дете ги превзема ставовите од постарото, ќе добива површни теоретски лекции кои не би му биле од суштинска корист, бидејќи не ги доживеало. Оставете помалото дете да донесува свои одлуки и да се развива .

Не оставајте постарото дете секога да биде лидер бидејќи се родило прво ( Пушти го него, тој е постар, тој знае подобро…)

Вашето време трудете се да го посветувате на двете деца, имајте одредени игри и ритуали кои ги правите со децата поединечно. Тоа ќе им покаже дека во вашето срце има место и за двете. Така ќе ја намалите љубомората помеѓу нив.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.