Како да изгледате за годишнината од матура

0

Следниот месец ќе биде месец на прослави. За помладите, прослава на матура, за оние малку повозрасните, годишнина од матура. Годишнините од матура понекогаш може да бидат стресни, бидејќи со години се немате видено со вашите пријатели од средно, едни ќе сакаат да дознаат што повеќе за вашиот живот, дали сте се омажиле, каде работите, колкава ви е платата… И се разбира, другите ќе сакаат да видат како изгледате, колку сте остареле, дали можеби веќе имаате брчки… Обрнете внимание на изгледот и покажете се во вистинско светло.

Одберете фустан кој најмногу ќе ви доликува на стилот или направете комбинација од кошула и здолниште, Кога се разботи за годишнина од матура заборавете на светкавите фустани со тул кој се влече по подот.

matura

Дури и со наједноставното црно фустанче ќе зрачите со гламур ако изберете црвен кармин. Многу истражувања покажаа дека мажите не можат да им одолеат на црвените усни и тие најмногу го привлекуваат нивното внимание. Па, ако сакате да има во што да се загледа симпатијата од средно, обојте ги усните со мат или сјаен црвен кармин.

Ниту еден фустан не може да се замисли без соодветен накит, но треба да внимавате да не изгледате како новогодишна елка. Доколку вашиот фустан има многу детали, избегнувајте огрлици, одлучете се за нараквица и дискретни обетки. Немојте да носите повеќе од три различни парчиња во исто време. Ако фустанот ви е еднобоен одлучете се за покрупни детали накит, масивна огрлица или нараквици во повеќе бои.

matura (4)

Ако можете да си дозволите само едно ново парче, тоа нека биде плик – чанта. Стилистите знаат колку се важни деталите, па искористете го нивното знаење. Вашата омилена комбинација збогатете ја со совршена ташничка и веќе сте во добивка. Облеката од вашиот плакар ќе делува сосема поинаку, а добивате и ташничка која што ќе можете да ја носите во текот на целата година.

matura (2)

Одберете удобни чевли. Доколку се нови, разгазете ги по дома, додека ги прередувате плакарите, на пример. Не смеете да си дозволите цела вечер да се жалите на болки и да седите во некое ќоше. Најдобрата варијанта е да ги ставите оние чевли кои веќе ви се испробани и со кои знаете дека може слободно да се движите цела вечер.

matura (1)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.