Како да го зачувате ентериерот направен од дрво

0

Некои личности се љубители на ентериерот направен од дрво кога станува збор за домот. Дрвениот ентериер може да претставува проблем за одржување поради уникатноста и материјалот од кој е изработен.

Послужете се со нашиот водич кој во неколку чекори ќе ви го објасни едноставното одржување на дрвениот мебел.

1. Санација со лимоново и маслиново масло
Потрудите се да ги поминете и оние делови од мебелот кои не се гледаат бидејќи, ако ги изоставите, со текот на времето дрвото ќе се оштети. За освежување на изгледот на дрвото односно сјајот, може да го користите лимоновото масло во комбинација со маслиново. Овие работи се наоѓаат во секоја кујна.

2. Парафинско масло

За правилно одржување на дрвениот мебел може еднаш на два месеци да користите ленено масло. Ова масло нема ни вкус ни мирис и е идеално за намената. Ефтино е и може лесно да се најде во кој било маркет.

3. Едноставна реставрација

Кој било дел од дрвениот мебел може да се поправи. Ако имате некој мебел, фиоки или витрини кои ги чувате подолго време може со интересна боја да ги подновите. За ова ви е потребно боја, лак и разредувач.

 

4. Чистење на восок

Честопати ни се случува восокот да остане залепен на мебелот и при чистење да се оштети доколку не сте винимателни. Пред да го отстраните восокот од местото ставете коцка мраз за убаво да се зацврсти. Потоа земете пластична алатка и внимателно стругајте. Може да користите линиар, картичка (кредитна) и сл. Откако ќе го отстраните восокот земете памучна крпа и малку восок за одржување на дрво и поминете на местото.
Другиот начин кои помага е со помош на фен за коса. Додека дувате со фенот на местото каде што има восок тој ќе почне да се топи. На крај поминете со обична влажна крпа.

 

5. Течност против дупчиња

Дрвенаријата по некое време може да наиде и на проблеми од типот на мали дупчиња, особено кај мебелот кој е стар повеќе години. Но ако вашиот мебел е столарски исправен, а дупчињата санирани тогаш немате причина за грижа.
Постојат посебни хемиски супстанци кој се вбризгуваат дирекно во секое дупче. Оваа постапка се повторува неколку пати.

 

6. Одбегнувајте сапуница

Одбегнувајте користење на каква било сапуница на природно дрво бидејќи со текот на времето може да го загуби сјајот. Во маркетите постојат специјални течности за темно и светло дрво. Ова е доволно за чистење на дрвениот мебел.

7. Одржување на дрвен накит

Накитот од дрво мора редовно да се одржува за да не го изгуби сјајот и да не стане сув. Пријатен е за носење и на зимски температури бидејќи не станува студен како металот, лесен е и не се лизга. Може да го премачкувате со минерално масло или јојоба. Држете го подалеку од вода.

 

8. Заштита за лакирана површина и паркет
По монтирање на лакирана површина потребно е чистење со специјално средство. Тоа треба да биде во облик на концентрат, внимавајте на упатството за користење на секоја течност. Пред да го употребите ова средство убаво исчистето го подот од секакви остатоци. Потоа со влажна крпа поминете по него. Ве советуваме паркетот да го поминете со средство наменето за лакиран под бидејќи во него има одреден процент на лак. Паркетот никако не го чистете со вода.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.