Како да го убедите соговорникот во тоа што го зборувате?

0

Научниците од Корнел универзитетот успеале да откријат како и кога луѓето го менуваат своето мислење. Односно, кои аргументи и каков речник треба да користите ако сакате некого да убедите во нешто.

За почеток, утврдено е дека ако после 4 одговори односно 4 размени на мислење на успеете во тоа, шансите драстично ви се намалуваат.
Истражувачите откриле дека речникот кој го користите во процесот на убедување е многу важен, односно потребно е да употребувате тотално различни зборови, фрази и аргументи во однос на вашиот соговорник. Тоа значи дека и работите ги гледате од еден сосема различен агол, што ви дава поголема шанса да успеете во вашата цел.

Успешно е и користењето на изрази како што се “на пример“ или “ да речеме“ како и конкретни случаи.

Интерсно е дека финиот пристап дава подобри резултати. Односно ако не сте груби и ако не користите зборови како што се “можеби е тоа вистина“, поголеми се шансите да го убедите вашиот соговорник во она што сакате.

Мислењата кои можат да се променат се изговараат со многу придавки и прилози и зборови како “ве молам“.

На тврдоглаво мислење кое е тешко да се промени укажуваат зборови како што се “ништо“, “сигурно“ или “никој“.

На крајот, треба да знаете дека да убедите некого во вашето мислење не е воопшто лесно. Експертите велат дека во последно време се почеста појава е секој да остане на своето мислење.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.