Како да го промените животот за 66 дена ?

0

Нема никаков сомнеж дека ние сме суштества скроени со многу навики. Нашиот ум и тело зависат од стимуланси, настани, одлуки кои не дефинираат нас.

Навиките ни го креираат секојдневието, затоа, ретко кој успева да излезе од магичниот круг и да го промени својот живот од корен.

Чарлс Даг автор на книгата „Моќта на навиката“, објасува дека ние, луѓето ги создаваме и обликуваме навиките со текот на времето.

Навиките се состоојат од три нивоа. На прво ниво се испраќа порака до мозокот дека работата не е извршена, второ ниво е всушност она кога работата се извршува и на крајот, трето ниво е кога мозокот ја меморира информацијата како би можел да ја повтори и во иднина.

Кога ќе се создаде навика тешко е да се прекине кругот. Најчесто не сме ни свесни дека правиме одредени работи.Честопати сме робови на нашите навики кои ни го контролираат животот.

Филипа Лали во нејзината студија објавена во „Europian Jurnal of Social Psychology“ спроведена на 96 луѓе за 12 недели, пробала да докаже – како и колку долго време е потребно пред да се развие навика.

Филипа дознала дека некои луѓе развиле нова навика, односно дека ја заменилие со некоја друга. Наместо да престанат да пушат, тие утринскиот ритуал го замениле со кафе и овошје.

За успееме да промениме некои работи потребни ни се 66 дена, така што пожелно би било да се држимее до следниве неколку чекори ако сакаме да бидеме успешни во промените.

  1. Кажете им на сите дека менувате неколку работи. ( од 1 до 22 дена)

    Опкружувањето не смее да ви дозволи да се вратите на старите навики. Морате самите на себе да си направите притисок, бидејќи ако не го сфатите овој процес сериосно, нема да успеете.

  2. Анализирајте ја сопствеата личност (од 22 до 44 дена)

  3. Сконцентрирајте се на вашиот живот. Размислите што сакате и што моментално правите и како сакате да се претставите.

    Без разлика дали сакате да ја замените старата навика со нова подобра, важно е да размислите за одлуките во вашиот живот.

  4. Заборавeте од 44 до 66 дена

    Ова е последниот судир. Пробајте повеќе да не размислувате за целиот процес, Време е да се одморите. Важно е дека сте свесни дека напредувате и дека ви останало уште малку – дека нема откажувања.

  5. Крај. Време е да го прославите успехот и да бидете горди дека сте се ослободиле од се она што сте го чувале со години, децени наназад. Тоа е огромонен успех . И затоа после вредната и напорна работа треба да се наградите.

    При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.