Како да го освежите воздухот во домот

0

Во текот на летото, воздухот во нашиот дом често знае да биде сув, со непријатен мирис, да ни го засипнува гласот и да предизвика главоболки. Наместо вештачките освежувачи кои ги има во секој маркет, пробајте да го освежите воздухот во вашиот дом на природен начин.

Сад со вода и етерично масло

Во стаклени садови ставете вода и капнете неколку капки етерично масло со вашата омилена арома и неколку лажички алкохол. Водата ставете ја блиску до прозорецот кој е изложен на директна сончева светлина. Испарувањето на течноста ќе продонесе за посвеж воздух во просторијата и пријатен мирис.

Проветрување на просториите

Решението за сувиот воздух е прозорецот кој е постојано отворен бидејќи така ќе внесете уште посув воздух во домот. Наместо тоа, проветрувајте ги собите со сите прозорци и врати отворени истовремено во траење од десетина минути, неколку пати на ден.

Сушење на алиштата дома

Знаеме дека во текот на летото најлесно е алиштата да ги оставиме на балкон за да се исушат. Но, така тие стануваат крути и го губат мирисот на омекнувачот. Затоа сушете ги во домот. Ем воздухот ќе биде повлажен, ем алиштата ќе мирисаат убаво и полесно ќе ги испеглате.

Вода со лимони

Во обично тенџере ставате вода и во неа ставете парчиња лимони и портокали. Ставете ја на тивок оган и оставете ја да испарува. Мирисната пареа веднаш ќе го освежи вашиот дом и ќе влијае на подобрување на вашето расположение.

Направете сопствен освежувач

Во шише со прскалка ставете дестилирана вода и исцедете сок од лимони или пак додадете неколку капки етерично масло од нане. Пред секоја употреба добро протресувајте го шишето и испрскајте во просториите во кои престојувате.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар