Како да го осветлите домот?

0

При уредувањето на домот, обрнуваме внимание на мебелот, кујната, украсите, но ретко кој сериозно се занимава со осветлувањето. Ставаме лустер или ѕидни сијалички и мислиме дека сме го решиле проблемот. Но, не е така едноставно. Во зависност од тоа колкав е вашиот простор, дали станот е на север или на југ, која боја е мебелот така треба да го прилагодите и осветлувањето.

Многумина го осветлуваат домот со премногу светла во горниот дел од собата. Ваквото осветлување понекогаш не е доволно. Ако ги изоставите подните светла и ламбите за на маса, читањето книги во таа просторија може да ви предизвика тегоби. Лустерите на таванот се супер кога ќе ви дојдат гости, но не се од голема корист за нашите очи, бидејќи светлото треба да доаѓа од повеќе страни. Исто така, акцентираните светла за нагласување слики или ѕидови можат да додадат луксуз во секоја просторија.

Одберете сијалици со потенциометар со кои ќе контролирате количеството на светлина навечер и преку ден, за одредени настани и според вашето расположение. Погледнете и неколку интересни идеи за тоа како може да го осветлите вашиот простор, освен со класичните лустери.

21 (19)21 (16) 21 (15)21 (13) 21 (12) 21 (11) 21 (10) 21 (9) 21 (4) 21 (3) 21 (8) 21 (7) 21 (2) 21 (1) 21 (5) 21 (1)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот