Како да го намалите ризикот за појава на Алцхајмерова болест

0

Истражувања предлагаат нов план на исхрана – медитеранска храна и диета за спречување хипертензија – со што би се спречила или би се одложила појавата на Алцхајмеровата болест.

Овој тип на исхрана се нарекува МИНД, што е акроним од двете наведени диети.

Американската студија покажала дека лицата што се придржуваат до МИНД имаат за дури 53% помал ризик од заболување од оваа болест.

Со овој тип на исхрана посебно се истакнува зелениот лисест зеленчук, бидејќи неколку испитувања покажале дека лицата кои го консумираат два пати дневно имаат намален пад на когнитивните способности.

Лицата коишто јаделе повеќе од две порции зеленчук дневно имале мозочни функции како лицата пет години помлади од нив.

За овие позитивни резултати е одговорен витаминот Е, силен антиоксиданс кој го одржува здравјето на невроните.

Веднаш по зелениот зеленчук на најдобра храна според МИНД диетата се наоѓа зрнестото овошје, рибата, виното, лукот и пиперката со сите свои хранливи состојки.

Затоа уште денес сменете го начинот на исхрана и внесувајте повеќе од оваа храна, а помалку мрсни и тешки состојки.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот