Како да го изберете вистинското вино

0

Купувањето квалитетно вино кога не знаете точно што барате е тешка задача. Изборот е толку многу голем, што возможно е на крајот да завршите со празни раце поради неодлучност. Овие совети ќе ви помогнат да изберете вино според вашиот вкус, буџет и прилика.

Цена
Доброто вино не е неопходно да има астрономска цена. Бирајте паметно и според приликата за која го купувате. Доколку сакате да имресионирате некого тогаш упатете се кај поскапиот дел од полицата, а доколку се наоѓате во друштво на блиски и познати луѓе, тогаш може да се определите за поефтина варијанта. Многу често скапите ввина се преценети, па затоа нема да погрешите ако земете некое кое спаѓа во средна категорија според цената.

Црвено вино
Не постои правилен начин на бирање вино бидејќи зависи од сопствениот вкус. Една заблуда е дека црвеното вино може да се конзумира со риба. Но ако баш морате да ја направите оваа комбинација, тогаш целете на некое по меко вино како што е Pinot Noar, кое можете да го искомбинирате и со пилешко. Посилно вино од ова во оваа комбинација, ќе има метален вкус кога ќе го пиете. Изладено црвено вино е прифатливо. Изберете Cotes Du Rohn и ставете го во ладилник 30 минути пред отворање. Ако јадете зачинета храна, изберете меко и овошно вино како Австралиско или Чилеанско црвено, со јагнешко најдобро оди Rioja.

crveno vino

Розе
Розето доаѓа во две форми-слатко Калифорниско и суво. Тешко е да ги разликувате по бојата, бидејќи секој произведувач ги произведува во различна боја, а бојата не е мерило за квалитетот. Грозјето е најзаслужно за слаткиот вкус и е највкусно кога го конзумирате изладено и заедно со јагоди ако десерт, или Азиска кујна. Сувото розе има овошна и цветна арома. Барајте Pinot Noar и Caberne розе. Најдобро е да го конзумирате заедно со некоја розова храна како што е лосос, туна или ракчиња.

roze vino

Бело вино
Ако сте љубители на постари вино, не избирајте бело и розе вино постари од 2009 година, бидејќи овошната аарома станува неприметлива. Лососот или некои други рибни специјалитети одат добро со Шардоне. Совињон Бланк има чист, тропски вкус кој оди добро со морски специјалитети. Белите вина од Франција одат одлично со скара, а Пино Грижо оди одлично со морска храна или рижото.

belo vino 2

Кога одирате вино, немојте да мислите дека ако има плутена тапа е поквалитетно од оние кои имаат обична навртка, тоа не е мерило. А понекогаш, вината со плутена тапа не се практични. Секогаш бирајте вино во согласност со војот буџет и приликата за која купувате.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.