Како да го исперете автомобилот без користење на вода?

0
Cleaning the Car - waxing process

Ако сакате да го исперете автомобилот, а немате пристап до голема количина на вода, имаме одличен совет за вас…

Сите возачи сакаат автомобилот постојано да им е уреден и чист, иако понекогаш навистина ги мрзи да го однесат на перење. Од друга пак страна, најголемо уживање е кога во гаража на раат ја перете колата со црево и вода. Меѓутоа, за многу луѓе гаражата и трошењето на големо количество на вода стана вистински луксуз.
Бидејќи во голмите градови гаражи има се помалку, возачите се принудени да одат во перални. Секако, ако многу често одите во перална уште пред да добиете плата ќе останете шворц.

Поради тоа одлучивме да ви помогнеме како на „суво“ да го исперете вашиот автомобил, а резултатите да се одлични.
Пред да започнете со перењето потрбно ви е следниво средсство:
Во наблиската продавница за авто делови- или течности побарајте средство за суво перење на автомобилот. Овие средства се наменети токму за ваквo перење- еконимично, и брзо. Еко производите се едни од најдобрите кога се разботи за перење на автомобилот бидејќи кога еднаш ќе ги купите, ќе ги користите цела година.

Овие средства ја отстрануваат одлично нечистотијата од вашиот автомобил и ја освежуваат неговата боја. Се што треба да направите е да го испрскате целиот автомобил и да почекате неколку минути. Потоа земете сува крпа и само избришете. Нечистотијата ќе исчезне без користење на ниту една капка вода. Но, ако вашиот автомобил е толку не чист што дури ни бројките од табличките не се гледаат, тогаш оваа метода нема да ви биде од голема корист.
Сувото перење е неменето за луѓе кои често сакаат да го средуваат својот автомобил. Редовното чистење не дозволува автомобилот многу да е извалкан, па тогаш е можно да се исчисти на овој начин.
Ако редовно го перете автомобилот на овој начин, потребно ќе ви е многу малку време и пари, а вашиот автомобил секогаш ќе биде во најдобро издание.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар