Како да ги заштитите обувките од снег, сол или вода?

0

Секојдневното детално чистењето на обувките е макотрпна работа, но доколку сакате вашите чевли и чизми да ја преживеат до следната зима, или барем да бидат неоштетени и оваа, тогаш навистина треба секојдневно да им обрнувате внимание. И тука не мислиме само на бришењето со сунѓерче или поминувањето со боја за да им се врати сјајот. Не, потребно е да направите многу повеќе.

Како да ги заштитите обувките од зимските неповолности?

Оцет и вода

Направете самите раствор од оцет и вода така што ќе споите 2/3 вода со 1/3 оцет. Потоа, натопете чиста крпа во растворот и нежни поминувајте по сите дамки кои се појавиле на површината на чевлите. На крајот преку чевлите поминете со крпа со чиста вода за да го отстраните оцетот, а на крајот пребришете ги чевлите и со чиста крпа.

Чевли од превртена кожа

Ваквите чевли најдобро се чуваат со спреј за импрегнација. Откако ќе ги испрскате со спреј причекајте да се впие, да се исуши и потоа преку нив поминете со сува крпа или со четка за да им го вратите сјајот. Ако се валкани, претходно исчистете ги со малку вода. Чевлите од ваков материјал понекогаш можете да ги исчистите и со обична училишна гума за бришење молив.

Чевли од брусена кожа

Овие чевли не смеете да ги носите на снег бидејќи дамките што може да ги направи снегот многу тешко се отстрануваат или нема да можат да се отстранат воопшто. Сепак, во продавниците за чевли побарајте пена за заштита на кожата. Испрскајте ги чевлите од оддалеченост од околу 15 сантиметри да пената да се распореди убаво по нивната површина и тие делумно ќе ја заштитат кожата. Потоа исчистете ги со крпа или со четка.

Чевлите треба да се заштитат и пред да излезете надвор, кога врне, а водата може да ги оштети, особено ако не се исушат веднаш. Сите чевли можете да ги исчистите со крпа на која сте ставиле малку маслиново масло, за водата да не се задржува на нив, туку да паѓа.

Ако сепак се намократ целосно, во внатрешноста можете да ставите стари весници кои ќе ја соберат влагата, а чевлите ставете ги на суво и топло место, но никако многу блиску до грејни тела. Оставете ги да се исушат сами од себе наместо да се обидувате да ги исушите со фен, на пример.

И запомнете – чистете ги секојдневно, постојано за да ги сочувате подолго.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот