Како да ги читате туѓите мисли?

0

Многу лесно! Само молчете и фаќајте забелешки, оставате ги луѓето да зборуваат.

Говор на телото

Кога некој е под стрес, челото му е собрано и изгледа како да има брчки. Исто така може да помогне начинот на кој седи или стои. Луѓето негодуваат кога се нервозни и нивото на кортизол се зголемува. Кога се покачува нивото на хормоните може да дојде до несоница, дебелеење и други проблеми.

Дишење

Кога некој дише длабоко, тоа значи дека е опуштен, а доколку дише плитко веројатно е во грч. Ако дишењето изгледа испрекинато, личноста е нервозна. Понекогаш нервозните поединци се само срамежливи, но понекогаш можеби нешто кријат од Вас. Опуштеното дишење значи смиреност и голема веројатност дека ја зборуваат вистината.

 Очи

Гледајте го соговорникот во очи. Не е без врска она дека се огледало на душата. Студиите покажале дека широките зеници се карактеристични за луѓето кои многу размислуваат. Исто така, кога прв пат ќе запознаете некого, нивните зеници се шират. Ако останат такви значи дека Вашето друштво им годи, а доколку се соберат личноста не е заинтересирана за Вас.

Тон на гласот

Брзината на нечиј глас е многу важна – бавниот говор е показател за смиреност, а брзото зборење за нервоза. Зборовите не се толку важни колку енергијата зад нив. Обратете внимание на зборовите особено се нагласуваат.

 Поминувајте повеќе време со луѓето

Попладне поминато со некого може многу да значи, а после неколку месеци или години ќе можете да си ги читате мислите едни на други. Кога подолго врме сте со некого, полека учите како личноста реагира во дадени ситуации. Затоа родителите го познаваат своето дете најдобро, а така е и со паровите.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот