Како да бидете успешни кога барате работа?

0

Потрагата по работа не е воопшто лесна. Се бараат различни квалификации, најчесто е потребно искуство (кое можеби и го немате) и често завршувате со одговор „Не, благодарам“, иако знаете дека токму вие сте вистинскиот избор за таа работа.

Социјалната мрежа за деловни контакти LinkedIn неодамна даде одговор на прашањето кои квалитети треба да ги поседувате за да бидете успешни во тоа што го правите, без оглед на професијата.

До овие информации дошле анализирајќи ги илјадниците профили на корисниците на нивната мрежа. Па ако сакате полесно да најдете работа, прочитајте какви квалитети поседуваат успешните луѓе, без оглед на тоа за каква струка се работи и обидете се да прифатите некои од нив.

1.Подготвени се да работат повеќе и подолго

Работниот ден трае колку што е потребно. А тоа е така бидејќи успешните луѓе знаат дека до целта ќе стигнат со напорна работа.

2.Постојано бараат нови предизвици

За да успеете, треба да се менувате. Монотонијата и едноличноста ќе направат да тапкате во место. Потребни ви се нови луѓе.

3.Овие луѓе се емпатични

Важно е да знаете како да сочувствувате со околината и да бидете подготвени да помогнете.

4.Парите претставуваат одговорност

Луѓето кои успеале не гледаат на парите како на награда и свесни се дека можеби утре нема да ги имаат, па затоа уживаат во плодовите од својот труд, но тоа го прават умерено.

5.Треба да се докажете, но најпрво пред себе

Овие луѓе не потпаѓаат под притисок бидејќи знаат колку вредат навистина. Тие си поставуваат амбициозни цели и на тој начин се мотивираат.

6.Искрена радост за туѓиот успех

Успешните луѓе знаат дека е важно да постои здрава конкуренција и затоа му се радуваат на туѓиот успех.

7.И успехот е минлив

Денеска сте на врвот, утре веќе не. Вистински успешните луѓе го знаат тоа, па затоа, колку и да се големи нивните амбиции, нема да се обидат да остварат нешто ако сметаат дека цената е превисока.

Запомнете, успехот е убав, но и минлив. Бидете упорни, несебични и отворени кога барате работа. И не се претставувајте во лажно светло – вистински успешните луѓе ќе го откријат тоа.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот