Како да бидете совршена мајка?

0

Среќата на мајката секогаш се базира на онаа на нејзиното дете, бидејќи мајките жртвуваат, дишат и живеат за доброто на нивните деца. Најдоброто нешто за мајките е децата да бидат успешни и среќни.

Најважното нешто што треба да го запомни една мајка е дека љубовта што ја внесувате во односот со вашето дете ќе направи разлика во неговиот живот, а ефектите порано или подоцна ќе се забележат.

Особено за новите мајки, мајчинството може да делува заплашувачки. Но, вистината е дека не постои формула и не треба да се водите според стилот на родителство како вашите пријатели или телевизиските актери по филмовите.

Наместо тоа, треба да ги совладате најважните работи, а ова се неколку чекори кои ќе ви помогнат да го сторите тоа…

1. Бидете трпеливи и скротете го својот темперамент
Ако вашето дете прави хаос со истурање колачиња и млеко на вашиот нов тепих, едноставно дишете и обидете се да се смирите. Родителството е навистина тест за трпеливост и ако може да бидете трпеливи, тоа ќе биде добро и за вашето дете и за вас. Со зголемување на трпеливоста, можете да бидете одличен учител и пример за вашите деца.

2. Бидете поддршка
Истражувањата покажале дека децата со поддржувачки и топли родители можат подобро да се справат со неволјите и да се покажат со подобри когнитивни способности во иднина. Всушност, една студија на универзитетот во Вашингтон открила дека децата во предучилишните установи со активно поддржувачки мајки (за време на стресни инциденти) подоцна имале поголем хипокампус, кој е тесно поврзан со меморијата и способноста за управување со стресот.


3. Имајте разбирање
Одвојте време да бидете добар слушател и да покажете разбирање за вашето дете. Како што тоа расте, ќе се чувствува пријатно да ви се обрати за секој проблем кој го има, без разлика дали се работи за училиште, другарчиња или информации и прашања во врска со пубертетот.

4. Комуницирајте со детето
Една од најважните работи во мајчинството е да разговарате со вашето дете што е можно повеќе. Трудете се да дознаете што е можно повеќе за неговата приватност, што сака, за што сонува, што размислува, што не му се допаѓа…
Од особена важност е да не го одбивате кога сака нешто да ви каже. Одвоете неколку минути, направете пауза од моменталната обврска и сослушајте го. Така ќе стекне поголема доверба и ќе се чувствува вредно.

5. Поминувајте повеќе време заедно
Заедничките активности со вашето дете не треба да престанат како што тоа расте. Додека е детето сеуште мало, мајката му е неопходна, но доколку силно изградената врска трае и понатаму, верувајте дека тоа ќе му донесе огромни предности во понатамошниот живот. Исто така, ќе создавате спомени вредни за паметење до крајот на животот, а детската насмевка е најголемото богатство кое некогаш ќе го имате.

6. Извинете се кога ќе погрешите
Понекогаш ќе наидете на ситуации каде ќе згрешите, ќе кажете лош збор или нема да бидете во право. Во тие моменти, извинете се и така ќе му ги покажете на вашето дете вистинските вредности и моќта на зборот ”извини”. Исто така, научете го на моќта на зборовите ”те молам” и ”благодарам”, научете го да ги употребува кога навистина ги мисли, за да не се изгуби нивната вредност.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот