Како да бидете дама во денешниот свет

0

Речиси не познавам жена која не се восхитува на женственоста и убавината на Одри Хепберн, Мерлин Монро или Грејс Кели. Секоја убава на свој начин. Убава, успешна и паметна. Но, она што ги прави уште повеќе совршени и незаборавни е нивниот став на дама.

Денешно време, некако како да ги помешавме поимите и дозволивме да заборавивме што всушност значи да се биде жена. 21 век, работите се многу променети. Од женски аспект, на подобро. Денес имаме можност да бидеме “скоро“ на еднакво рамниште со мажите, нешто за што мечтаеле жените низ историјата (во некои делови од светот и ден-денес). Растеме и се развиваме во духот на независност, храброст, еднаквост со мажите и тоа е сосема во ред. Но, некаде помеѓу ги помешавме поимите и од “самостојни дами“ станавме само “самостојни“. Храброста и независноста немаат никаква конекција со тоа што значи да се биде дама.

f6a9987f-92ba-4b6e-8af8-b20268140252

Да се вратиме малку поназад и да се потсетиме како би требало да се однесуваме

Дозволете да ви ја отворат вратата

 Тоа што некој ќе ја отвори вратата за вас, не значи дека вие не можете, тоа е едноставно знак за почит. Мажот кој ќе го направи ова, сака да покаже дека има добри манири и секако се грижи за впечатокот кој ќе го остави врз вас.

Внимавајте на речникот

Сите знаеме да бидеме нервозни и во наплив на емоции да кажеме многу работи кои најчесто и не ги мислиме. Но, една дама мора да внимава. Пцовките воопшто не смеат да се најдат во нашиот речник, ниту пак превисоки тонови. Дали ја слушнавте Одри во “Појадокот кај Тифани“ да вика по некого?

Бидете учтиви

Одговарајте на прашањата кои ќе ви бидат поставени, одговорете на телефонскиот позив па и кога личноста од другата страна не ви е баш омилена. Насмевнувајте се почесто додека разговарате, особено на работното место. Учтиви луѓе се полесни за сакање. Тоа ќе го увидите набрзо.

Внимавајте на изгледот

Дамата секогаш внимава на изгледот и впечатокот кој го остава. Тоа не значи дека секое утро треба да трошите цели саати за да се подготвите, но сепак мора да се потрудите. Чиста, испеглана гардероба, средена коса и нежна шминка и можете да појдете во освојување на светот.

Почитувајте се себеси

Дозволете си да бидете размазени, почитувани и третирани како вистинска дама. Малку повеќе внимание, на никој не му е на штета, нели?

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.