Како безболно да се откажете од кофеинската зависност за 5 дена

0

Станува збор за промена на навиките и за репрограмирање на мозокот.

Кофеинот е неверојатен. Ве буди, ви дава енергија за вежбање, ви помага да се забавувате цела ноќ, па дури и ви овозможува да ги надминете оние часови и часови поминати на состаноци во и надвор од вашата компанија. Да, тешко е да се замисли современото општество без кофеин.

Од друга страна, зависноста од кофеин е вистински пекол. Резултира со секојдневно чувствуво на замор и несоница навечер. Не може да се фокусирате, нервозни сте, а тоа ви пречи да функционирате нормално во секојдневниот живот и исполнување на обврските.

За таа цел ви претставуваме метод кој овозможува да ги избегнете повеќето или сите вообичаени симптоми на зависноста од кофеин.

Пред се, како кофеинот предизвикува зависност?

Неговите главни ефекти се спроведуваат преку блокирање аденозин, хормон кој полека се создава во текот на денот и предизвикува поспаност. Кофеинот, исто така, предизвикува мозокот да произведе повеќе допамин, невротрансмитер кој предизвикува еуфоричен ефект.

Мозокот го синтетизира допаминот од L-Dopa, кој пак се синтетизира од аминокиселинскиот тирозин. Тирозин може да се конзумира во исхраната или да се синтетизира од аминокиселината фенилаланин.

Со кофеин, мозокот ја засилува природната активност на допаминот. Ако го прави тоа за подолг временски период, прво ги исцрпува залихите на тирозин, проследено со залихите на фенилаланин.

Така мозокот станува осиромашен од тирозин и фенилаланин, а тоа влијае врз состојба да произведе соодветни количини на допамин. Недостатокот на допамин прави да се чувствувате слаби и депресивни. Кофеинот привремено ги ублажува овие симптоми со тоа што го принудува мозокот да произведува допамин користејќи го она мало ниво на тирозин и фенилаланин што останало, но на крај само го влошува овој проблем.

Решението вклучува внес на фенилаланин. Внесот на тирозин е исто така опција, но бидејќи тирозин не може да се конвертира назад во фенилаланин, земањето тирозин неможе директно да го снабди вашиот мозок со фенилаланин, додека земањето на фенилаланин ќе ги обнови двете амино киселини.

Тирозинот можете да го најдете во високо-протеинска храна: јајца, спирулина, говедско месо, свинско, пилешко, мисирки, млечни производи, авокадо, бадеми, сусам и семки од тиква.

Брзо решение се фенилаланинските капсули кои е потребно редовно да ги внесувате. (секако треба да се консултирате со вашиот лекар)

Доколку не сте во можност или не сакате да превземете ваков чекор, постои и друго решение.

Создадете здрава навика со која ќе ја замените кофеинската зависност. Заменете една навика со друга.

За почеток, наместо да посегнете по шолја кафе, преминете на безкофеинско кафе и пронајдете го вашиот нов омилен пијалак. Доколку одберете пијалак кој по состав е сличен на кафето, консумирајте умерено и во се помали количини или временски интервали. Вие се уште ќе пиете пијалак кој го сакате, и најдобро од сè, ќе имате повеќе енергија отколку што сте имале месеци – можеби дури и години наназад.

Или едноставно откажете од употреба на сите производи кои содржат кофеин, бидете свесни за оваа штетна навика и елиминирајте го овој проблем и неговиот извор.

Запомнете, никогаш не се спротивставувајте на искушението, кога можете целосно да го отстраните.

Следете го овој метод и може да бидете ослободени од вашата потреба за кофеин во рок од пет дена.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.