Кафе со рум за студените зимски денови

0

Кафето со рум во овие зимски денови ќе ве зајакне, ќе ве стопли и разбуди. Подоготовката е многу лесна и едноставна.

Потребни стостојки:

-4 лажички црно кафе;
-600 мл вода;
-3 лажички шеќер;
-4 лажички чоколадо во прав;
-1 пакетче шлаг од чоколадо;
-2 лажички рум;
-400 гр бело чоколадо
zenski-magazin-recept-rum-kafa-1 (2)

Подготовка:
Во голем сад ставете вода, додајте шеќер и почекајте додека почне да врие. Потоа додајте црно кафе, промешајте и почекајте додека не се појави пена. Тргнете го настрана кафето од ринглата и оставете талогот да се смири. Потоа поминете го низ цедилка.
zenski-magazin-recept-rum-kafa-1 (6)
На цеденото кафе додајте му 2 лажички рум и чоколадо во прав и потоа добро промешајте.

Шлагот од чоколадо подгответе го според упатството. Подготвеното кафе ставете го во чаша и одозгора додајте шлаг. Декорирајте го пијалот со рендано бело чоколадо.

Уживајте во топлиот празничните денови!

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот