Каде живеат најбогатите луѓе?

0

Ако некогаш сте се запрашале каде живеат најбогатите луѓе, ние го имаме одговорот.

Азиските милионери се на врвот на листата на светски богаташи, а веднаш после нив се милионерите од Северна Америка, стои во извештајот на финансиската фирма Capgemini.

Иако економијата во светот во последните децении има подеми и падови, богатството на најбогатите континуирано расте. Милионерите ширум светот  минатата година имале имот од скоро 60 трилиони долари или четири пати повеќе од имотот од пред 30 години.

Финансиските експерти предвидуваат дека до 2025 година богатството на милионерите ќе достигне до 100 трилиони долари.

Компанијата која ја изработи оваа студија наведува дека финансискиот раст во Азија е потпомогнат од успесите на компаниите кои работата во сферата на финансиските услуги, технологија и индустријата за здравствена заштита.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

 

Остави коментар