Каде се сега актерите од серијата „Беверли Хилс“?

0

Тинејџерите од 1990те години се сеќаваат на нив – Бренда и Брендон Волш, обичните деца од Минестота, доаѓаат на Беверли Хилс и започнуваат сосема поинаков живот окружени со своите врсници кои имаат многу пари и различни семејни вредности. Се раѓаат љубови, пријателства, некои од нив истрајуваат, некои не.

Ама, повеќе од дваесет години подоцна, серијата „Беверли Хилс 90210“ е и понатаму популарна меѓу, сега веќе постарите генерации, кои понекогаш знаат да се запрашаат каде се и што прават Бренда, Брендон, Дилан, Кели, Дона, Стив, Андреа и Дејвид…

Тори Спелинг – Дона Мартин

933b5b1e1cfb69f84219d42b1caea122d5c0fbff 21b3a71ad6c36e197cc9d8512d138e5b862d9fac

По „Беверли Хилс“, Тори Спелинг остана во Холивуд. Таа има свое реално шоу, а неодамна глумеше и во ситкомот „Мистериозни девојки“, заедно со Џени Гарт. Мажена е два пати и има четиери деца.

Шенон Доерти – Бренда Волш

762412bd075d829a946a991c0715daf93ebdf91c 3c54d1c67fe791b81b9d15d310d8acb67fba8514__1478074758_46-217-153-232

Откако замина од серијата заради недоразбирања со продуцентите, глумеше во „Маѓепснички“, ама и оттаму замина од истата причина. Се врати на екраните преку серијалот „Танц со ѕвездите“ во 2010 година, а во моментов води битка со ракот на дојките.

Габриела Картерис – Андреа Зукерман

feb87052ac09cb8c86a3c653a0f0ff9dca267508 6f487bf5298dfd996a6e510b5cf6cb9313afb747

Габриела има 55 години, мажена е и има две деца. Претседател е на филмското здужение Screen Actors Union. Не глуми многу, само повремено прифаќа епизодни улоги во некоја популарна серија, како на пример во „Криминални умови“.

Иан Зеринг – Стив Сандерс

ed39340615e0a0aea5e444ea4e52833e033461cc 7a047d8ee01d9b196a019e0b5e4413c9cf7ca6e7

И тој настапи во „Танц со ѕвездите“, а добива улоги во филмови од Б-продукција. 1997 година се ожени со Плејбој зајачица, се разведе 5 години подоцна, а сега е повторно женет и има две деца.

Џејсон Пристли – Брендон Волш

40b7527a7b50eab9acc0c7f5712196abbdf8cef0 92576d8580bd9a403a123be96e8d16f3e2ccff7d

По „Беверли Хилс 90210“ настапи во бројни серии, ама најголем успех има серијата што ја снима во моментов „Таен живот“. Оженет е и има две деца.

Брајан Остин Грин – Дејвид Силвер

beverly_hills_90210_-10 brian-austin-green-march-of-dimes-celebration-of-babies-luncheon-01__1478074747_46-217-153-232

Глумеше во „Трансформерси“, каде што ја запозна својата сопруга, актерката Меган Фокс. Имаат две деца и се обидуваат да си го спасат бракот. Брајан, во меѓувреме, прифаќа мали улоги во не многу комерцијални серии.

Џени Гарт – Кели Тејлор

68918bff9672b269ad1b35ffe65eca27 jennie-garth-2012-project-angel-foods-divine-design-07-560x826__1478074720_46-217-153-232

Ни Џени нема успешна филмска кариера. Глуми во филмови за каналот Халмарк, а со Тори Спелинг ја снимаа серијата „Мистериозни девојки“, која имаше само една сезона. Неодамна се омажи по втор пат.

Лук Пери – Дилан Мекеј

f2ee71a6c7291bca3bf17e0966813a07331ee10b__1478074643_46-217-153-232 b74302af4025f1278bd02a6bd0e2aa840ef038bc

Најголемиот срцекршач во серијата имаше неколку помали улоги во сериите „Вил и Грејс“, „Криминални умови“ и „Семеен човек“. Глумеше и во лоши филмови од Б-продукција. Откако се разведе во 2003 година, не размислува за втор брак. Има две деца.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар