Каде одат славните личности на својот меден месец?

0

За многу парови, омилен дел од планирањето на свадбата е изборот на местото на кое ќе го поминат својот меден месец. Сосема нормално, тоа е место на кое ќе можат да се одморат после исцрпните подготовки околу венчавањето, ќе бидат насамо со својот партнер и ќе уживаат во љубовта.

Погледнете каков избор направија познатите личности.

Северен Остров, Сејшели

Во 2011 година, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон го посетија овој прекрасен ресорт, токму на нивниот меден месец. Овој тропски рај има 11 луксузни вили и секојдневно организира одлична забава за гостите.

Вила Д’Есте, Италија

13077306_1186209948078393_1399885445_n (1)

Изборот на Емили Блант Џон Красински беше токму оваа италијанска вила. Парот се одлучи за езерото Комо. Доколку решите да уживате во прекрасна градина полна историја и интересни приказни, ова е место кое само ќе ви ги раскаже.Оваа вила е резиденција уште од 16 век, исполнета со антиквитети и стар мебел кој ќе ве врати во минатото за кое сте слушале.

Танзанија

9-celebrity-approved-hotels-for-your-honeymoon-1747747-1461717129.640x0c

Џастин Тимберлејк и Џесика Бил се одлучија за Танзанија за својот меден месец. Место кое нуди авантура која ќе се памети целиот живот, сафари и зеленило на сите страни.

Аризона

9-celebrity-approved-hotels-for-your-honeymoon-1747745-1461717129.640x0c

Доколку имате партнер како Џеј-зи, тогаш сигурно ќе го посетите ова место. Дестинација која им нуди на своите гости поглед кон преубава планина, панорама во сите бои, опуштање на целото тело. Овде многу често се организираат фотографски работилници и часови за готвење на специјалитети карактеристични за овој дел од светот.

Бора Бора

9-celebrity-approved-hotels-for-your-honeymoon-1747748-1461717129.640x0c

Откако Никол Кидман кажа “да“, таа со својот партнер Кеит Урбан се упатија на оваа прекрасна дестинација. Деноноќно пливање со риби и морски суштества, возење со хелихоптер и пловење се само дел од убавините што ги нуди ова место.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.