Каде ли брзаме толку?

0

Живееме во време кога сме пренатрупани со обврски. Постојано брзаме некаде. Брзаме за да го фатиме автобусот на време, брзаме за да стигнеме на работа барем минутка пред да ни започне работното време, брзаме на состанок, на пауза, до маркет, да до дома. Штом стигнеме дома, пак брзаме… Брзаме за да го направиме ручекот, да ја средиме кујната, да ги ставиме алиштата што побрзо да се перат, да раскренеме по дома, сето тоа за што побрзо да фатиме место пред телевизор или компјутер се додека очите не почнат да ни солзат за спиење.

Зошто толку брзање како небаре ова да ни е последниот воз?

Застанете малку, вдишете длабоко. Додека брзате, пропуштате многу прекрасни нешта. Сте забелажале ли дека сонцето некако повеќе грее за разлика од пред еден месец? Застанете на неколку минути под сонцето и дозволете сончевите зраци да ви го погалат телото. Сте ги виделе ли сите раззеленети дрвја кои ви мафтаат додека се движите кон работа? Сте ги забележале ли цвеќињата кои се разбудија од зимски сон? Колку ли пати само не ја поздравивте продавачката во продавничката каде што пазарувате секој ден или сосетката само затоа што брзате некаде? Не мислите дека вашиот партнер се чувствува запоставено, затоа што немате време да го изнагушкате додека ги средувате домашните обврски… Од брзање, прекинавте да им читате приказни за добра ноќ на вашите најмили…

И сега, зошто толку брзање? По неколку години од денес нема да го паметите денот кога сте задоцниле на работа или сте го пропуштиле возот. Ама и по сто години од денес, ќе ви биде важно луѓето околу вас да се насмеани и среќни.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот