Каде излегуваат ѕвездите на Брoдвеј

0

Бродвејската ѕвездена екипа многу често се чини непристапна и недостижна. Но Busniness Insider открива како се забавуваат надвор од театарските обврски.

Во понеделник навечер завесата на Бродвеј останува спуштена со цел актерите, танчерите и цела екипа да можат да се одморат и да имааат енергија за агендата што ги очекува цела недела.

Наместо тоа, ѕвездите на Бродвеј се собираат во ресторанот “URBO” кој се простира на 260 m2 површина, а се наоѓа во близина Times Square.Еден по еден, бродвејските големи имиња се “навлекле” на атмосферата во локалот, која реално сами ја прават.

Први кои го забележале “URBO” биле Derrick Davis и Chondra Profit, кои се дел од преставата “The Lion King”. Биле импресионирани од големината и амбинетот. “Кога еден изведувач уметник ќе види светла и сцена, тоа е тоа ” –изјавил Davis за Business Insider.Taка почнало се. Тие биле иницијатори за понеделничната агенда, вечeрта кога има “отворен микрофон” за ѕвездите на Бродвеј.

Покрај горните двајца, секој понеделник таму можат да се сретнат и Titus Burgess, Kimmy Schmidt заедно со Marisha Wallace.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот