Каде грешите кога креирате лозинка

0

Никој не сака да запомни 37 уникатни лозинки за 37 различни места. Токму затоа повеќето луѓе имаат една уникатна лозинка што ја употребуваат буквално секаде. Ама, тоа што вам ви изгледа лесно, може да ви донесе многу проблеми доколку некој ви ја открие лозинката.

Мајкл Кејзер, извршниот директор на Националната сајбер алијанса за безбедност, вели дека сајбер криминалот е во подем и дека мора да се заштитите на секој можен начин, вклучувајќи ги тука и лозинките што ги употребувате секојдневно.

Ова се едни од најчестите грешки што ги правите:  

Вашата лозикна е обична – секоја година компанијата SplashData собира лозинки од целиот свет и заклучиле дека најчесто користена лозинка петта година по ред е „123456“, а ни „QWERTY“ (првите букви на врвот на тастатурата) не заостанува зад неа. Сајбер криминалците имаат автоматски програми за хакирање кои најпрво ги проверуваат овие најчести лозинки.

Што ја прави лозинката посилна – иако е многу сигурна лозинка од 15 карактери кои ќе вклучуваат бројки, букви и симболи, посигурно е да си измислите реченица од неколку куси зборови што ќе ја запомните. На крајот, чисто заради безбедност, можете да додадете и бројче.

Вашата лозинка е предвидлива – повеќето луѓе признаваат дека кога креираат лозинка, користат имиња на членови на семејството, датуми на раѓање или некои други важни датуми, а дел од нив го користат и името на своето милениче. Ова се податоци до кои хакерите доаѓаат многу лесно, па лесно и ги пробиваат лозинките.

1

Си ја чувате лозинката запишана во телефонот/компјутерот – можеби имате документ во кој се запишани сите ваши лозинки. Или уште полошо, сте си ги испратиле себеси преку е-меил. Сè што ќе испратите на е-меил или ќе ставите во компјутер е ранливо и лесно достапно. Токму затоа запишете ги лозинките на ливче, а потоа скријте го ливчето дома.

Постојано ја менувате лозинката – тешко е да ги запомните сите лозинки, посебно ако ги менувате често. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои често менуваат лозинки, со текот на времето одбираат тесни комбинации што едноставно се пробиваат. Затоа, немојте да ги менувате лозинките на секои неколку месеци, освен ако не добиете известување за некаква сомнителна активност.

Внимавајте на безбедносните прашања

Можете да ја имате најкомплицираната лозинка на светот, ама ако хакерот може лесно да одговори на безбедносното прашање, тогаш лесно може да влезе во вашата сметка, меил, компјутер… Бидете креативни кога го одбирате прашањето што може дополнително да ви ја заштити лозинката.

 

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар