Каде грешите кога сама ја бојосувате косата?

0

Денешните производи за домашно бојосување на косата се сè поквалитетни, ама скоро секоја жена прави по некоја грешка додека го прави тоа, па тоа може да ве чини и двојно повеќе отколку да отидете на фризер.

Не се придржувате до упатството

Кога ќе купите боја од друг производител или боја во некоја сосема друга нијанса од онаа што досега сте ја користеле, задолжително прочитајте го и прецизно придржувајте се до упатството.

Немате доволно боја

Секогаш купувајте две кутии боја за да не ви биде малку, особено ако имате долга, густа или кадрава коса.

wineНанесувате боја која е повеќе од две нијанси посветла од вашата коса

Ако сакате од темна боја да преминете во светла, задолжително отидете на фризер. Тоа е промена која бара стручност и доколку е драстична, веројатно ќе бидат потребни неколку третмани.

Очекувате дека бојата ќе биде како на кутијата

Наместо да се потпирате на сликата која е на кутијата, подобро е поголемо внимание да обрнете на примерокот на картонот со праменчиња коса и на описот на бојата. Така полесно ќе ја одберете вистинската за вас.

Ја оставате бојата да стои предолго

За да ја измиете косата на време, како што е наведено во упатството, наместете го алармот. Ако ја оставите бојата да стои подолго, косата може да се оштети.

Ја плакнете косата во мијалникот

Чешмите на мијалниците немаат доволен притисок за да можат убаво да ја исплакнат косата, па во тој случај хемикалиите ќе останат на косата и може да ја оштетат.

Ја боите побелената коса со полутрајна боја

Ако повеќето од половината од вашата коса е побелена, задолжително користете трајна боја бидејќи полутрајната нема убаво да ги прекрие белите влакна.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар