“Јов” премиерно во петок на сцената на Драмски театар

0

Во Драмскиот театар, утревечер со почеток во 20 часот, премиерно ќе биде изведена претставата „Јов“. Текстот е на Венко Андоновски, а во режија на Сашо Миленковски. Музиката е на Венко Серафимов, кореографијата на Валентин Апостоловски, а дизајнот на Владимир Симоновски.

Венко Андоновски истакна дека „Јов“ е обид да се види до каде се денес границите на трпението и поднесувањето страдања кај човекот и човештвото воопшто.

Во претставата настапуваат: Игор Стојчевски (Јов), Соња Стамболџиоска (жената на Јов), Филип Трајковиќ, Златко Митрески, Игор Георгиев, Александра Павлова, Емилија Мицевска, Благица Димитровска.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.