Јогурт- природен еликсир за убавина и нега на целото тело

0

Покрај тоа што е одличен за варење на храната, јогуртот може да се користи и за нега на целото тело…

Се повеќе намирниците добиваат функција како природни козметички производи кои може да се користат за нега на целото тело- од глава до пети. Во овој случај зборуваме за функцијата на јогуртот.
Прочитајте на коj начин може да го користите овој вкусен и повеќенаменски напиток…

1. Маска за лице против стареење
Наместо скапи креми и маски за подмладување на кожата на лицето, подгответе сопствен и природен производ- маска од јогурт.
Состојки:
– 1 лажичка јогурт;
– мала лажичка мед;
– мала лажичка сок од лимон;
Помешајте ги овие 3 состојки додека не се соединат. Нанесете ја маската на лице и почекајте 10 минути да се исуши. Потоа измијте го лицето со млака вода, а третманот правете го најмалце еднаш неделно.
zenski-magazin-jogurt-u-sluzbi-lepote(2)2. Природен пилинг за целото тело
Подготвите ладен пилинг од јогурт и шеќер што ќе ви ги отстрани сите мртви клетки на кожата, а притоа нема да ја изиритира ниту пак исуши.
Помешајте 4 лажички големи јогурт со една лажича кристален шеќер и нанесете ја смесата на кожата. Благо масирајте со кружни движења, а потоа измијте се со вода. На крај нанесете хидратантен лусион за тело.
zenski-magazin-jogurt-u-sluzbi-lepote(4)3. Одржување на косата и сушењето на влакното
Јогурт има антиинфламаторно дејство за организмот, а со тоа и за кожата на главата. По миењето на косата со шампон, ставете малку јогурт на темето на главата и чекајте 5-10 минути. Потоа, добро измијте ја косата и не се грижете, јогуртот не остава никаков мирис на косата. Со помош на овој третман косата и многу брзо расте.
zenski-magazin-jogurt-u-sluzbi-lepote(5)4. Нега на рацете
Кога се работи за кожата на рацете тогаш ви е потребна голема нега, особено за време на зимскиот период.
Со помош на 2 лажички јогурт и една лажичка мед ќе успеете да ги заштитите рацете на најдобар и најприроден начин. Ставете ја смесата на рацете и ставите гумени ракавици. Почекајте 15 минути или оставете ја преку ноќ- наредниот ден кожата на рацете ќе ви биде како нова, мека и мазна. По миењето на смесата од рацете нанесете крема.
zenski-magazin-jogurt-u-sluzbi-lepote(99)5. Јогурт за бели заби
Ако сте љубител на јогурт тогаш следново што ќе го слушнете ќе ви биде и тоа како од полза- јогуртот ги избелува забите!
Едноставно нанесете малку јогурт преку забите и почекајте неколку минути или задржете ја плунката подолго. Резултатите нема да се видливи веднаш, но сигурно по неколку недели.
zenski-magazin-jogurt-u-sluzbi-lepote(3)Како ви се чинат сите овие бенефиции од јогуртот?

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.