Јога вежби за храброст и самодоверба

0

Љубителите на јогата знаат колку се големи бенефитите од оваа дисциплина стара повеќе од 5.000 години…

Јогата може да ви помогне да ја зголемите самодовербата и храброста, а интерeсно е тоа што точно секоја вежба (асана) влијае различно на физичките делови на телото како и на умот. Секако, позитивно.

Со оглед на тоа дека храброста и самодовербата често се проблем кај луѓето, одлучивме да ви претставиме две вежби (асани) кои со редовна практика може да ви помогнат за зајакнување на овие карактеристики.

Храброста ни е потребна секојдневно и тоа не само за соочување со предизвиците туку и за соочување со себеси.
Стравот може да ни го попречи понатамошниот развој во различни сегменти од животот. Недостатокот на храброст се гледа и во положбата на нашето тело, бидејќи тоа зазема положба во согласност со импулсите кои ги добива од нас.

Кога се чувствуваме победени и уморни не совладува поинаква положба, згрченост собирање на рамена и сл. Кога се чувствуваме моќно и силно, телото ни е исправено со широко отворени гради.

Некои јога вежби може да ни помогнат ставот на „победник“ постојано да е со нас и да ни е природен облик на телото. На тој начин може да создадеме моќна слика за себе, а со тоа и повеќе храброст.
Практикантите на јога сигурно ја знаат следната јога вежба преку кои ја враќаат самодовербата: „Воин 2“.

Дишење: во стоечка положба вдишите и издишите и дигнете ги рацете кон таванот. Подигнете ја главата и погледнете нагоре. Со издишување спуштете ги рацете покрај телото и повторете го тоа 5 пати. Движењата нека бидат проследени со ритамот на дишење.
Gratitude-Asana_Briohny-Smyth_Warrior2Позиција „Воин“2: десната нога поставете ја наназад, колку што можете повеќе. Стапалото нека биде под 90 степени. Со левата нога подвиткајте го коленото, испружете ги рацете во висина на рамената и отворете ги градите.
Од оваа позиција кренете ја левата дланка нагоре и полека почнете да го движите телото кон десната нога. Спуштете ја десната дланка на десниот колк.

Од оваа асана влезете во наредната: вратете го телото во центар и поставете ги двете стапала под 45 степени. Клекнете и тежината нека падне на стапалата. Рацете нека бидат над главата испружени со раширени прсти.

2WarriorI_AR
За поамбициозните еве серија на изведување на оваа асана во три циклуси „Воиин“ 1, 2 и 3.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот