ЏЕНИФЕР ЛОРЕНС е лицето на новиот DIOR женски парфем

0

Џенифер Лоренс е лицето на новиот DIOR женски парфем.. Новата прекрасна креација од Dior која е со потпис на Francois Demachy, креаторот на парфеми на Dior, таа ја дополнува со својата прозрачна убавина и животна радост.

Мирис кој досега не е направен, моќен универзум кој го означува почетокот на нова ера за мириси од Куќата на Dior.

Природен талент со впечатливо присуство и енергија која се чувствува во просторот, добитничка на Оскар, Џенифер Лоренс е една од најталентираните актерки во Холивуд.

Во низата признанија е вклучена и улогата во последното остварување на Дарен Аронофски, насловено „Моther“, како и нејзината улога во филмот на Францис Лоренс „Red Sparrow“.

Во 2016 година, Лоренс ја доби четвртата номинација за Оскар и третата номинација за Златен Глобус за нејзината изведба во филмот на Дејвид О. Расел, „Joy“

Ова ја одбележа нејзината трета по ред соработка со режисерот, продуцент и сценарист. Тие претходно заедно работеа на „Аmerican Hustle“ и на „Silver Lining Playbook“, за чија улога беше наградена со Оскар за најдобра актерка.

Таа го доби своите први Оскар, Златен Глобус и САГ номинации за улогата од 2011 на сиромашна тинејџерка во драмата од независна продукција – Winter’s Bone.

Лоренс го доби светското внимание и признание за улогата на Katniss Everdeen, во светскиот мега хит серијал „The Hunger games“, поставувајќи ја на врвот на најплатена актерка на сите времиња во жанр акција.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.