Џенифер Анистон: да се биде филантроп е од големо општествено значење

0

Џенифер Анистон во вторникот вечерта беше почесна гостинка на вечерата организирана од страна St. Jude детската болница.

Вечерата се одржа во ресторанот „W.Hollywood“ во Лос Анџелес, на покривот на елитна зграда, а децата се потрудија украсувањето да изгледа магично.
Како што пристигнуваа гостите така остануваа воодушевени. Децата целиот простор го трансформираа и претворија во бајка каде белата боја доминираше. Покрај тоа белите балони беа насекаде и дополнително ја разигуруваа атмосферата во салата.

Кога нивната почесна гостинка пристигна, на нејзиното лице можеше да се забележи изненадувањето, пишува „InStyle“.
„ Погледнете што направиле, како ли го направиле толку магичен овој простор“- им се обрати глумицата на медиумите.
022416-st-jude-atmosphere-embed
Во текот на вечерата поранешна пациентка на детската болница „St. Jude“, на сцената ја сподели својата животна приказна за борбата со рак на мозокот додека била мало дете.
Анистон не се воздржа да ги избрише солзите додека девојката беше на сцената. Откако храбро ја сподели приказната, актерката стана и со громогласен аплауз и даде подршка.

„Толку сум среќна што вечерва сум тука, ви благодарам за поканата и за прекрасната вечер. Се изгледа толку магично, и вие сте магични. Уживајте во храната, толку е вкусна“- изјави  Анистон на сцената.

Актерката подоцна за „InStyle“ изјави дека за неа е од огромно значење да се биде филантроп во опшетеството.
„ Имаме голема среќа. Живееме живот во кои може да придонесеме многу за доброто на народот. Може да направиме добри работи за некои луѓе кои не се во можност истото да го направат за себе.
Ова прави моето срце постојано да се насмевнува“- додаде Анистон.

Покрај неа на вечерата присуствуваа Кортни Кокс, Ема Робертс и Џејми Лин Сиглер.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.