Јелена Спенџарска – Моите три омилени македонски песни

0

„По природа сум голем емотивец и многу се пронаоѓам во љубовни песни. Кога станува збор за македонска музика, ги обожавам постарите хитови од пред десет и повеќе години… А ова се песните со кои буквално пораснав и ме потсетуваат само на убаво минато“, вели нашата популарна ТВ водителка Јелена Спенџарска.

Тоше Проески – „Го молам ноќва небото“

Песна што ја слушав на касета зашто во тоа време немав ЦД плеер. По таа песна ја памтам и мојата прва средба со Тоше, беше многу одамна и од што имав трема му кажав само дека песната ми е фаворит, зедов автограм и избегав…

Владо Јаневски – „Ти немаш право“

Сите кои ме познаваат знаат колку сум опседната со музиката на Владо. Буквално сум му најголем фан иако никогаш во животот се немаме запознато. Оваа песна ми е залепена за срце од првиот пат кога ја слушнав…

Лидија Кочовска – „Ти си тој“

Кога и да ја слушнам Лидија, нешто однатре ме тера да пеам на глас. Како да ја исфрлам цела негативна енергија, а оваа песна има посебен ефект врз мене.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.