Јелена и Новак Ѓоковиќ во интервју за CNN зборуваат за нивната мисија – да ја подобрат иднината на децата во Србија

0

Слатки, симпатични и непосредни е впечатокот кој ќе го добиете откако ќе го погледнете интервјуто кое го дадоа за CNN Новак и Јелена Ѓоковиќ во кое зборуваа за нивната мисија на им помогнат на децата во Србија.

Јелена зборува за тоа дека имала среќа да расте во семејство од кое имала целосна поддршка за образованието бидејќи таа заминала од Србија кога имала само 18 години.
Зборуваат за периодот кога Србија беше дел од војната и кога беше во економска криза и оти тоа не биле воопшто лесни времиња на нив.
Новак ја дополнува со коментар дека сите во Србија ги почувствувале последиците од војната на почетокот на 90-тите, па се до крајот на декадата. 10 години исполнети со неизвеснот и криза.
Што се однесува до кариерата, Новак вели дека во тој период му се чинело дека остварувањето на сонот е недостижно и дека како семејство морале да ризикуваат многу.

Јелена зборува и за работата на нејзината фондација чија примарна цел е да се интервенира во образованието на децата, а на тој начин и на нивната иднина.
Зборуваат и за остварувањето во улога на родители каде главниот збор го има Јелена.

Поглeднете го видеото во целост:

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.