Јелена Ѓоковиќ објави песнa која нема да остави ниту една мајка рамнодушна

0

Една од најобожаваните мајки во светот е сопругата на Новак Ѓоковиќ, Јелена. Таа честопати е активна на социјалните мрежи и објавува родителски совети за да им помогне на останатите мајки со своето искуство.

Како кај секоја мајка, така и за неа, Стефан е центарот на светот и се обидува да го воспита на најдобар можен начин.

Последната објава која привлече огромно внимание кај јавноста е таа каде ја стави песната на Дајан Луманс, “Кога повторно би можела да го раснам своето дете”.

Стихови кои допираат длабоко до срцето на секој родител и нема да го остават рамнодушна ниту една мајка.

stefan__1471874570_77.29.54.101

“Кога би имала можност повторно да го раснам своето дете, повеќе би боела со прстите, а помалку би ги користела за спротивставување

Помалку би коригирала, а повеќе би се зближувала

Би го тргнала погледот од часовникот и би гледала подлабоко во него

Помалку би се грижела сè да знам, а би знаела дека треба повеќе да се грижам

Повеќе би шетала и пуштала змејови во небото

Помалку би била сериозна, а повеќе сериозно би играла

Би трчала многу повеќе низ полиња и би уживала под ѕвездите

Повеќе би се гушкала, а помалку би се објаснувала

Поретко би била строга, а повеќе позитивна и полна со поддршка

Прво би градела самодоверба, а потоа куќа

Помалку би учела за љубовта во однос на моќта, а повеќе за моќта на љубовта”.

Моќни зборови, поука и лекција за новите родители кои се на почетокот на оваа улога.

Само неколку реда исполнети со зборови, кои ја кажуваат една од најголемите вистини и лекции на светот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.