Jay-Z и Timbaland на суд за „Big Pimpin'”

0

Дали хип-хоп дуото го украло овој семпл од видеово?

 

Во тековното судско рочиште за авторски права, адвокатите на Jay-Z тврдат дека раперот уредно ги откупил правата од мелодијата на египетскиот музичар за да ги употреби во неговиот хит сингл ‘Big Pimpin’ од 1999.

Jay-Z (Џеј-Зи), чие вистинско име е Shawn Carter , заедно со  хип-хоп продуцентот Timothy “Timbaland” Mosley се меѓу обвинетите во тужбата која е поднесена уште во 2007 година, од страна на внукот на египетскиот текстописец Baligh Hamdy, кој вели дека раперот без дозвола искористил семпл од композицијата на неговиот чичко.

Раперот, облечен во син костум и вратоврска, седел помеѓу своите адвокати во Основниот суд во Лос Анџелес и тивко го следел рочиштето. Тој за Ројтерс не дал никаква изјава.
Jay-Z ќе сведочи во среда.
Адвокатот на ѕвездата во вторникот приговорил дека експлицитните стихови во песната не треба да бидат дискутирани во врска со тужбата, бидејќи голем дел од нив се со прилично вулгарен контекст и ќе предизвикаат предрасуди меѓу членовите на поротата. 
Судијката пресудила во нивна полза на овој приговор, велејќи дека текстот на песната не би бил од никаква корист на судењето.
Адвокатот на
Hamdy пак, рекол на 8-члената порота дека раперот и неговиот продуцент намерно не побарале дозвола за користење на мелодијата, како би избегнале плаќање авторски права.
Нумерата
‘Big Pimpin’ беше најголемиот хит на Jay-Z во 1999 година, Неговото вкупно богатство е проценето на 520 милиони долари во 2014 година.
Последната поголема ваква тужба беше против
Pharell Williams и Robin Thicke за хитот ‘Blurred Lines’ за користење мелодија од песна на Marvin Gaye без дозвола. Тие платија 7.4 милиони долари на семејството на Gaye.

Чујте и самите и споредете.