„Јас не знаев дека иако таа никогаш не бара помош, сепак чека кога јас ќе и ја предложам“, откритието на еден маж, којшто, се чини ги сфатил жените

0

Јас научив да живеам со жена. Тоа не е онака како што пишуваат во љубовните романчиња. На пример, не знаев дека долгата коса кај жената не значи само ретка убавина која се однесува на нејзината женственост и шарм и може да допира до појасот. Туку и внимание од моја страна во прв ред. Бидејќи, кога таа лежи покрај мене, јас морам задолжително да запомнам дека прво треба да ги тргнам нејзините прамени од перницата, а потоа да легнам до неа поблиску. И тоа со тек на времето станува навика.

Јас не знаев дека кога таа е лошо расположена, тогаш мораш веднаш да ја прегрнеш, да видиш во што е работата и после да ја смириш. Кај мене пак сосема е поинаку. Кога ми е лошо на душата, јас не сакам да ме прашуваат за тоа, да ми го отворат моето срце – мене ми треба таквите моменти сам да си ги преболам.

Јас не знаев дека иако таа никогаш не бара помош од мене, сепак чека кога јас сам ќе и предложам.

„Не чепкај, јас ќе го направам сама!“

„Да, јас можам и сама…“

„Не, не може! “

Поточно, чека кога јас ќе настојувам на своето. Нејзе и е важно да се чувствува себе си жена, а товарниот коњ понекогаш можам да бидам и јас. Се разбира, ако не и дозволите да крене ништо потешко од букет рози, тогаш набрзо ќе забележите дека лошото расположение кај неа станало многу ретко, а насмевката на лицето ја има секој ден.

Јас не го знаев и тоа дека жената не е само љубовница со која можеш да ја делиш спалната, купатилото или кујната. Туку уште нешто, другар којшто треба внимателно да го слушаш. Да го слушате дури и кога таа не зборува ништо битно. Жената не е никаква загатка. И на секое свое прашање можам да добијам одговор, ако сакам само малку да бидам повнимателен. Таа секогаш кажува што и треба. Секогаш! Чудно е кога мажите велат дека не знаат што сака жената. Најверојатно, не сакаат да знаат.

Јас не знаев дека врската – тоа не сум само јас, туку и „јас“ во квадрат.

Секој мора да го направи својот чекор, додека двајцата не се судрат со усните. Ако ти стоиш на место, а другиот сето време ти доаѓа во пресрет, тогаш најверојатно ти еднаш ќе останеш зад него. Секој го прави својот чекор. На оние без нозе, не им е местото на стартот. А да го турнеш во пропаст другиот, тоа не е крајот. Од било која дупка секогаш можеш да се извлечеш, најглавно е да не ја одибеш раката на тој што таму те турнал. А цврсто дрежјќи ја, да не чекаш пригоден момент кога како одговор и тие неа ќе ја турнеш.

Ваквиот однос е пиење отров за двајцата од една чаша. Дури кога другиот знае за погубното однесување. Треба од чашата да го истуриш тоа што ги убива и двајцата и наместо тоа да го налиеш она што опијанува. Омразата е студено јадење кое не го дава очекуваниот ефект, туку само афект. На пример, нежноста на допирот со рака – од неа се опијануваш многу посилно отколку од кое било отмено вино. Нежноста, како оборк, ви советувам секогаш да ја сервирате како одговор. Но, само во жешка форма.

Јас не знаев дека чувствата се наоѓаат не под појасот, туку на врвовите на прстите со кои ти ја допираш. Ако во срцето ти свири харфа, значи таа е твојот инструмент. Бидејќи врвовите на прстите не можеш да ги нагодиш или ускладиш. Или имаш талент да допреш до неа или немаш, тоа е тоа….

Подготви: С.Н

Извор: adme.ru

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.