Јарци – најуспешните луѓе според хороскопот

0

Кога ќе се спомене хороскопскиот Јарец, една од првите работи што ни паѓа на памет е тврдоглавоста. И тоа е до некаде точно. Но што друго ги карактеризира Јарците?

Јарците се луѓе со коишто „владее“ Сатурн. Тие навикнале на неговите тешки казни и затоа го гледаат животот како тежок пат, па за да добијат „награда“, треба да поминат низ страдање и жртвување.

Симболот на Јарците е планинскиот јарец кој внимателно се искачува по камениот рид. Овие лица се многу трпеливи и одат напред чекор по чекор. Можеби патот по кој одат не им е лесен, но амбициозни се и дисциплинирани, а тоа им дава сила да стигнат до целта. Ако некој се обиде да им застане на патот, знаат да бидат сурови и тврди.

Добри лидери се, можат да имаат свој бизнис, иновативни се и посветени. Никогаш не ја оставаат работата недовршена. Ефикасни се во тоа што го работат, понекогаш премногу критични кон оние што не се амбициозни како нив.

На иднината гледаат со недоверба. Имаат огромни амбиции, но знаат од нив да направат конкретни планови. Токму затоа се најуспешниот знак во хороскопот.

Во љубовта не сакаат да ризикуваат, верни се и секогаш стабилни. Практични се и одговараат на предизвиците со практични методи, наместо со интелектуален или емоционален напор.

Во слободно време сакаат да се натпреваруваат. Обожаваат колективни спортови и не сакаат да губат. Знаат да ги утешат другите. Јарците се, ама и имаат бројни лојални пријатели. Секогаш се посветени на пријателите и на семејството.

Среќен ден – сабота

Боја – темно зелена, кафеава, црна

Број – 4

Скапоцени камења – олово, тиркиз, аметист.

Добри карактеристики – лојалност, се грижат за семејството, работливост, посветеност, чесност, бестрашност, амбициозност, решителност, одговорност, прагматичност.

 

Лоши карактеристики – песимизам, студеност и резервираност, материјалисти, снобови, безнадежни, кариеристи, срамежливи, инаетчии, завидливи, егоисти, со тврди позиции.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот