Јапонскиот козметички бренд Annayake официјално и во Македонија

0

Традиционален јапонски концепт создаден за европската жена – тоа приказната на овој престижен бренд кој вчера ја доживеа својата официјалната промоција во Македонија, пред македонските блогери, тв лица и медиуми.Присутните гости имаа можност накратко да се запознаат со историјата и предностите на Annayake, благодарение на претставничката брендот која допатува од Франција – Ms. Catherine Chaubeyre.

Брендот Annayake во Европа е лансиран во 1988 година. Најдобрите јапонски лаборатории истражуваа и разработуваа средства за нега на кожата на лицето и на телото специјално за европските клиенти.

Името Annayake го содржи во себе она што е најдобро од западната и од источната култура. Инаку, првпат брендот Annayake е претставен во Франција, за потоа да постигне молскавичен успех во многу други земји.

Симболите на Annayake се 3-те елементи на јапонската градина: каменот, водата и лисјата. Негата која што ја нуди Annayake не само што е прекрасна, туку не остава ниту еден човек рамнодушен, дури ни кога станува збор за клиентите со најистенчен вкус.

Annayake e подарок од Јапонија за Западот – комбинација на последните технолошки достигнувања и илјада години стара јапонска традиција за убавина, тоа совршена комбинација на две култури која има зачудувачки и восхитувачки текстури, уникатен состав, хипоалергенска формула, создаден за сите типови на кожа.

Линијата на Annayаке за нега кожа и парфемската линија е веќе достапна во лускузната парфимерија Anabella Мериот.